20 Април, 2024
0.0265

Како со короната се справија „Мериот“, „Ибис“, „Стоунбриџ“,„Парк“, „Буши“, „Аурора“, „Сириус“„Инекс Горица“....?

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Големи загуби и изгубени приходи, затворени врати и празни кревети. Ова е заедничко за речиси сите хотели во 2020 година.  Короната кризата направи вистински пустош во оваа услужна гранка која е значајна за нашата економија. Од 27 хотелски компании кои лани направиле приходи поголеми од 50.000 евра дури 22 завршиле со загуба од работењето

„Да не се повтори“, ова е консензусот на македонските хотелиери за 2020 година во која короната кризата речиси целосно ги остави без работа. Останаа да чекаат државна помош со која покриваа дел од загубите кои ги предизвика златното хотелиерско правило „најскап кревет е празниот хотелски кревет“. Ѓаволски тешко е да се изменаџираат фиксните трошоци во „корона услови“...

„Фактор“ анализираше финансиски податоци за најголемите и најпознати домашни хотели од главниот град, други поголеми градови и сместувачки капацитети лоцирани на езерските ривиери. Според официјалните податоци за ланското работење на македонските хотели достапни од базата на Централниот регистарод 27 хотели кои имале приходи поголеми од 50.000 евра во тек на 2020 година, дури 22 годината ја завршиле со загуби во работењето.

На таа листа се најголемите домашни хотелски компании. Најголеми хотелски групации лани, според остварените приходи лани, биле две. Едната приватна, а другата државна. И двете имале приходи од по 2,1 милиони евра. Најголемата државната компанија – „ЕЛЕМ Турс“ (која стопанисува со 3 планински хотели, автокамп и сместувачки капацитет во Маврово и Дојран) и лани книжи загуба од 1,4 милиони евра. „Македонијатурист“ (управува со пет скопски хотели н.з.) лани затворила година со загуба од 575.000 евра (оперативната загуба од бизнисот е околу еден милион евра, но ја ублажија финансиските приходи н.з.).

Трите најпрестижни скопски хотели Парк Хотел&Спа, „Мериот“ и „Стоунбриџ“ лани направиле различни резултати, а заедничко за сите е значаен пад на приходите и загуби од работењето. Компанијата која стопанисува со хотелот „Парк Хотел&Спа“ лани имаше исклучително тешка година во која не напушти и нејзиниот основач и сопственик Енвер Малиќи. „Парк Ленд Груп“ направи приход од 1,6 милиони евра и загуба од 1,9 милиони евра. Компанијата „Дивелоп Груп“ под чии закрила работи „Мериот“ лани оствари загуба од 322.000 евра. Приходите паднале за 55 отсто и лани изнесувале 1,6 милиони евра. И „Стоунбиџ“ хотелот на Ајдован Адемовски лани имаше исклучително тешка година. Приходите изнесувале 3,6 милиони евра и се најголеми во споредба со целата индустрија иако се намалени за 36 отсто. Загубата на крај на 2020 година изнесува 254.000 евра. Хотелот од ланцот Ибис со кој управува и го поседува „Орка Холдинг“ лани има пад на приходи од 74 отсто. Тие изнесуваат 374.000 евра, а загубата е 250.000 евра.

Хотелот „Буши“ лани книжи приходи од 1,2 милиони евра што е за третина помалку од 2019 година. Загубата на оваа компанија лани е 409.000 евра.

Како беше на охридската ривиера?

И охридската хотелска индустрија книжи големи загуби од неработењето и блокадите. Најголемата охридска хотелска компанија „Хотели Метропол“ лани направи приходи од 1,3 милиони евра што е за 63 отсто помалку од претходно. Загубата изнесува 464.000 евра. Хотелот „Филип“ има пад на приходите од 60 отсто и тие лани биле 1 милион евра. Загубата е 373.000 евра. Најубавата охридска тераса лани е во загуба од 341.000 евра. Тоа е хотелот “Инекс Горица“ кој лани ги преполовил приходите и тие изнесувале 472.000 евра. Хотелот на „Гранит“ лани изгубил 60 отсто од приходите. Тие изнесуваат 470.000 евра, а загубата е 243.000 евра. Струшката гордост Инекс Дрим лани книжи пад на приходот од 55 отсто до ниво од 1,2 милиони евра. Загубата е 643.000 евра.

Како беше ширум Македонија?

Најубавиот хотел во Стар Дојран е исклучок од правилото и годината ја завршил со добивка од 71.000 евра. Станува збор за компанијата „Маранд Груп“ која го поседува хотелот „Романтик“ . Неговиот приход лани е 654.000 евра што е за 13 отсто поголем од претходната година.

Битолската гордост „Епинал“ лани беше во иста ситуација како и другите хотели. Приходите на матичната компанија „Македонија ДОО“ изнесуваат 781.000 евра и се на половина од претходната година. Загубата е 163.000 евра.

Струмички „Сириус“ лани има пад на приходите од 56 отсто (изнесуваат 593.000 евра), а загубата е 226.000 евра. Кратовскиот хотел Силекс исто има преполовеи приходи кои изнесуваат 610.000 евра и загуба од 375.000 евра.

Кај беровските хотели состојбата е следна: Манастир има пад на приходи од само 11 отсто и тие изнесуваат 437.000 евра и загуба од 26.000 евра. Аурора Ресорт е една од ретките хотелиерски компании која завршила во добивка. Таа изнесува 19.000 евра, а приходите бил 653.000 евра.

Велешки Романтик хотел позициониран на велешко езеро лани завршил со загуба од 160.000 евра и приходи од 700.000 евра. Крушевската Монтана лани изгубила 42 отсто од приходите кои изнесувале 304.000 евра. Загубата е 71.000 евра.

Радика Ресорт еден од најпознатите хотели на мавровското крајбрежје лани завршил со загуба од 133.000 евра на приходи кои изнесувале 1,06 милиони евра.

Еден од најголемите гевгелиски хотели Принцес лани ја зголемил загубата за 3 пати во споредба со претходната година. Таа изнесува 865.000 евра, а приходите на друштвото Принцес Гроуп биле 1,2 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?