Како стоиме со невработеноста во однос на регионот и ЕУ?
Објавено во: Економија 01 Август, 2019
Во споредба пак со земјите од Западен Балкан, Македонија подобро стои од БИХ и Косово кои имаат највисоки стапки на невработеност. Најмал процент на невработеност има во Албанија и Србија.
Невработеноста во Македонија е три пати повисока од европскиот просек. Процентот на невработени во Македонија е 17, 8, а според последниот извештај на Евростат во земјите членки на Унијата просекот е 6,3 проценти.
Според домашните експерти за да се достигнат европските бројки на земјава ќе и бидат потребни повеќе години.
Најниска невработеност во ЕУ има Чешка. Таму само 1,9 отсто од жителите се без работа. Со највисока невработеност е Грција 17, 6%.