25 Април, 2024
0.0279

Како Стопанска банка прави профит 5 милиони евра месечно?

Објавено во: Економија 15 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Решавањето на стечајот со „ФЕНИ Индустри“ знајачно ја зголеми добивката на „Стопанска банка Скопје“ која за шест месеци оствари 84 отсто од профитот што го оствари за цела година лани. Голема е веројатноста годинава да видиме нова рекордно висока добивка на „Стопанска банка Скопје“

„Стопанска банка Скопје“ оствари добивка од 31 милиони евра за првите шест месеци годинава и оствари финансиски резултат што е за 46 отсто подобар од истиот период лани, покажуваат официјалните финансиски резултати што ги објави таа голема банка. На пола година секоја обична акција носи добивка повисока од 100 денари. „Стопанска банка“ за половина година работење оствари 84 отсто од профитот што го направи за цела година, лани и официјалните податоци покажуваат дека оваа година ќе биде најдобра во работењето на банката досега. 

„Стопанска банка Скопје“ има најдобар финансиски резултат за половина година кога ќе се спореди со најжестоката конкуренција : „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка кои остварија солидни добивки за првото полугодие, но се значајно пониски од добивката на „Стопанска банка“. Достапните податоци покажуваат дека значајно влијаение врз позитивниот финансиски резултат има решавањето на отвореното прашања со големиот клиент „ФЕНИ Индустри“, затворањето на неговата предстечајна постапка и продажбата за банкарските побарувања на новите сопственици на комбинатот.

Нето приходот од камати 30,8 милиони евра!

Банката во првото полугодие успеала солидно да ги зголеми нето приходите од камати, а истовремено значајно да ги намали расходите од камати. Воедно успеала и да ги зголеми воопшто и приходите од камати. Состојбата е следна: до крај на јуни нето приходот од камати е 30,81 милиони евра и е поголем за 1,2 милиони евра од лани. Истовремено приходот од камати е 36,47 милиони евра и е зголемен за 550.000 евра од лани. Расходот за камати е намален за 810.000 евра. Растат и приходите и нето приходите од провизии и надоместоци. На крајот на јуни на нето основа тие изнесуваат 8,07 милиони евра. Многу значајно за овој супер резултат на банката е решавањето на статусот на „ФЕНИ Индустри“ и откупот на побарувањата кои ги наплати банката. Благодарејќи на тоа во ставката резерваци, која вообичаено е најголема расходна ставка во билансот, исходот е позитивен затоа што за првото полугодие отпишаните резервации се повеќе од запишаните за 757.000 евра. Ист е исходот и кај ставката загуба заради оштетување нефинансиски средства кај која банката е во позитива од 2 милиони евра. Најголема расходна ставка е трошокот за вработени – тој е поголем за 470.000 евра од лани и изнесува 6,7 милиони евра. 

Добивката е 31 милиони евра за шест месеци и е само 6 милиони евра пониска од добивката што оваа банка ја оствари за цела година – лани.

Кредитите надминаа една милијарда, депозитите 1,19 милијарди евра

Во билансот на состојба значајна тенденција е растот на кредитирањето. Нивото на кредити на 30 јуни надмина една милијарда евра и бележи раст од 14,7 милиони евра за 6 месеци. Раст бележат и вложувањата на банката во хартии од вредност и тоа за 11,3 милиони евра до износ од 112,4 милиони евра.

Кај обврските голем раст се забележува кај депозитите на други банки во „Стопанска банка Скопје“. Тие пораснале за шест месеци за 9 милиони евра до износ од 10,9 милиони евра. Депозитите на коминтентите пораснале за 39,4 милиони евра до износ од 1,188 милијарди евра.

Споредбата на податоците по квартали покажува дека периодот април-јуни е за нијанса послаб од првиот квартал во кој банката има поголема добивка, а и повисоки приходи од камати.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди