25 Март, 2019
0.0181

Како „Тинекс“ прави пазар од 100 милиони евра?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2018

Лани во „Тинекс“ Македонците пазарувале за 100 милиони евра! Ова е за 5 отсто повеќе од 2016 година. Многу е веројатно дека „Тинекс“ и лани бил ланец на маркети со најголем приход

Приходите од продажба на најголемиот македонски ланец за трговија со стоки од широк асортиман „Тинекс“ лани изнесуваат 5,95 милијарди денари односно речиси 100 милиони евра! Ова се официјални податоци кои се однесуваат на работењето на „Тинекс“ и се достапни во базата на Централниот регистар.

„Тинекс“ лани го зголемил приходот од работење за 285 милиони денари односно за 5 отсто во споредба со 2016 година. Компанијата годината ја завршила со добивка од 241,6 милиони денари (4 милиони евра). Добивката на компанијата во споредба со 2016 година пораснала за 14,7 милиони денари односно за 6,5 отсто.

„Тинекс“ неколку години наназад е најголем македонски ланец на продавници за производи од широка потрошувачка или популарно наречени супермаркети. „Тинекс“ лани имал зголемени расходи што е и очекувано кога пораснале неговите приходи од продажба. Сепак расходите на „Тинекс“ пораснале за 269,9 милиони денари и тоа е помал раст од неговите  приходи кои се поголеми за 285 милиони денари. 

Многу е веројатно дека и во 2017 година „Тинекс“ е најголем македонски малопродажен ланец пред големите конкуренти „КАМ Маркети“и „Веро“. Тој податок ќе биде официјален наскоро кога ќе бидат објавени листите на најголеми 200 компании во земјава.

Во инвеститорската јавност се шушка дека „Тинекс“ може да почне да се тргува на Македонската берза за хартии од вредност. Засега нема детали за оваа новост која уште е во фаза на шпекулации.

Што има „Тинекс“?

Тинекс располага со 40 продажни објекти, распространети во 11 градови низ Македонија, како и со сопствен погон за подготовка на готвени јадења, погон за расек и подготовки од месо, логистички центар и др. „Тинекс“ e малопродажен ланец на супермаркети кој работи 24 години. На навните полици секојдневно може да се најде лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат и производите од нивниот бренд EXTRA.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Немаат работници, па вработуваат пензионери

Немаат работници, па вработуваат пензионери

Преценето или реално очекување на министерот Бектеши за сумата на странски инвестиции

Преценето или реално очекување на министерот Бектеши за сумата на странски инвестиции

Царовска бара поддршка од пратениците за Предлог-законот за социјална заштита

Царовска бара поддршка од пратениците за Предлог-законот за социјална заштита

Ќе ги спаси ли пензионерите од сиромаштија: За кој ќе важи социјалната пензија

Ќе ги спаси ли пензионерите од сиромаштија: За кој ќе важи социјалната пензија

Интервју со Георгиев: Потребно е да бидеме подготвени за странските инвестиции

Интервју со Георгиев: Потребно е да бидеме подготвени за странските инвестиции

Јаневски и Додевска: За 400 денари месечно „B-Up“ нуди неограничен простор за бекап на документи

Јаневски и Додевска: За 400 денари месечно „B-Up“ нуди неограничен простор за бекап на документи

Возачите повеќе нема да плаќаат налепници за регистрација

Возачите повеќе нема да плаќаат налепници за регистрација

Аргировски не е премногу среќен за владиниот проект

Аргировски не е премногу среќен за владиниот проект

Градежниците „во лов“ на дозволи додека е укинат Мораториумот

Градежниците „во лов“ на дозволи додека е укинат Мораториумот