28 Март, 2024
0.0259

Како „тркала“ ОИЛКО?

Објавено во: Економија 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба на ОИЛКО во првото полугодие пораснале за 360.000 евра и достигнаа 3,2 милиони евра. Ова значи дека веројатно пораснале нарачките од најголемиот клиент „Макпетрол“ и упатува на тоа дека најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати има раст на приходите од продажба

ОИЛКО, транспортна компанија специјализирана за превоз на запаливи материи, во првите шест месеци годинава оствари приход од 3,2 милиони евра што е за 13 отсто подобар резултат од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од објавените биланси на таа компанија. 
Оваа вест е многу важна и за акционерите на „Макпетрол“ ако се има во предвид дека најголемата компанија за трговија на мало со нафтени деривати е најголемиот клиент на ОИЛКО. Имено, логиката е дека и „Макпетрол“ треба да има раст на приходите од продажба оти треба да се заклучи дека токму оваа компанија ги зголемила нарачките до ОИЛКО за транспорт на деривати во нејзините 120 бензински пумпи ширум земјава.
Наскоро, кога „Макпетрол“ ќе ги објави финансиските резултати ќе видиме дали растот на приходите на ОИЛКО е логичен след на раст на приходи на „Макпетрол“.

Во споредба со лани годинава приходите од продажба се зголемени за речиси 360.000 евра. Растот на приходите на домашен пазар е за 248.000 евра во споредба со лани и тие изнесуваат 2,92 милиони евра. Растот на продажбата надвор од земјава изнесува околу 110.000 евра.

Оперативните расходи на компанијата изнесуваат 2,97 милиони евра и тие се 6 отсто повисоки од расходите во истиот период лани. Најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои се речиси еден милион евра и трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат околу 950.000 евра. Амортизацијата е околу 450.000 евра, а услугите со карактер на материјални трошоци се околу 357.000 евра.

Оперативната добивка е 232.000 евра и е безмалку за три пати повисока од оперативната добивка во истиот период лани. Нето добивката за половина година е 202.000 евра и е речиси три пати поголема од профитот во истиот период лани. Од билансот на успех се гледа дека компанијата нема долгорочни обврски, а краткорочните обврски на компанијата се зголемени за над половина милион евра во однос на истиот период лани.

ОИЛКО е единственото командитно друштво до земјава. Најголем поединечен акционер е „Макпетрол“ кој поседува 35,6 отсто од акциите. Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ поседува 15 отсто од акциите со право на глас во таа компанија.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат