19 Април, 2024
0.0307

Како ТТК Банка се бори за местото под сонцето?

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

ТТК Банка има квартал со добивка од речиси 100.000 евра што е неспоредливо подобро од лани кога тромесечјето го заврши со загуба од 60.000 евра. Во острата конкуренција на средни и на мали банка таа бележи раст на кредитирањето, статус кво на депозитна база, нула трошоци за штети на нефинансиски средства

Една од најмалите домашни деловни банки имаше солиден прв квартал. Во услови на остра конкуренција од малите и од средните банки таа успеа да го одржи пазарното учество, да го зголеми кредитирањето, кварталот го помина со нула загуба за оштетување нефинансиски средства, а ги намали и резервациите, покажуваат официјалните податоци на банката за првиот квартал годинава.

Финансискиот резултат на горенаведените параметри е добивка од 95.000 евра што е фантастичен резултат во споредба со претходната година во која во првото тромесечје книжи загуба од 60.000 евра.

Какви се приходите од камати и од провизии?

Бруто приходите од камати во однос на истиот период лани се пониски за 50.000 евра и изнесуваат 1,31 милиони евра, а нето приходите од камати до крајот на март се на ниво од 1,045 милиони евра што е за 50.000 евра послабо од истиот период лани. Сепак банката успеала во значајна мерка намалените приходи од камати да ги компензира со зголемените приходи од провизии и надоместоци.Тие за првите три месеци годинава се 510.000 евра и во однос на лани се поголеми за 34.000 евра.

Што е клучно за позитивниот резултат?

Клучни параметри за солидиниот резултат во првиот квартал, достапни од билансот за успех, се фактите дека банката има нула трошок за оштетување нефинансиски средства и тоа што износите на резервации се пониски во споредба со истиот квартал лани. Загубата заради оштетување нефинансиски средтва лани била 950.000 евра, а годинава е 0 денари. Резервациите на банката, во услови кога кредитирањето во споредба со крајот на 2018 година е зголемено за 2 милиони евра се значајно пониски во споредба со истиот квартал лани. Резервациите годинава на крај на март се на ниво од 339.450 евра и се пониски за 110.000 евра. Банката го зголемила кредитирањето за 2 милиони евра за еден квартал. На крај на март кредитното ниво е 81 милиони евра и тоа бележи раст од 2,2 отсто. Пазарното учество на банката на кредитниот пазар на сите 15 банки е 1,5 отсто.

Кај депозитната база нема промени во однос на лани. Депозитната база е 97 милиони евра, а нејзиното пазарно учество е 1,6 отсто.

ТТК Банка опстојува на домашниот банкарски пазар повеќе од 15 години, таа настана по спојувањето на Тетекс кредитна банка и Стопанска банка Тетово. Најголем акционер во банката е тетовскиот текстилен гигант „Тетекс“. Ова е целосно поседувана банка од домашни акционери. Нејзината пазарна позиција според вкупните средства е 13 место и вредноста на вкупните средства на крај на март е 132 милиони евра.

ТТК Банка има солиден рејтинг кај инвеститорите на берзата затоа што во поселдните три години редовно дели солидни износи дивиденда на своите акционери.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите