19 Април, 2024
0.0340

Како ТТК Банка за пола година има профит од речиси милион евра?

Објавено во: Економија 05 Август, 2019

Добивај вести на Viber

ТТК Банка во острата конкуренција на мали и средни банки направи одличен успех. Минималниот пад на нето приходи од камати го покри со солиден раст на нето приходот од провизии и надоместоци. Значајно го зголеми кредитирањето и депозитната база. А благодарејќи на тоа што речиси и нема загуба заради оштетување нефинансиски средства ја зголеми добивката за 77 отсто до 922.000 евра

„ТТК Банка“ има солидено полугодие. Во првата половина од годинава во споредба со истиот период лани банката успеала солидно да го зголеми кредитирањето и да привлече нови депозити. При тоа во услови на намалени каматни стапки и пониски нето приходи од камати успеала речиси да ја удвои својата добивка во споредба со истиот период лани. Клучот на успехот е во тоа што банката за првите шест месеци годинава наспроти лани речиси и да нема загуба заради оштетување на нефинансиски средства.

Какво полугодие има ТТК Банка?

Нето приходите од камати за првата половина од годинава изнесуваат 2,14 милиони евра и во споредба со првото полугодие лани се пониски за 60.800 евра. Тоа е многу мало намалување на приходите од камати особено ако се знае дека тренд кај сите банки е да има намалување на нето приходите од најголемата приходна дејност. Намалувањето на камати е целосно покриено со зголемените приходи од провизии и надоместоци. Имено за првите шест месеци тие се за 84.000 евра повеќе од истиот период лани и изнесуваат 1,07 милиони евра за половина година. Многу охрабрувачка вест за акционерите на оваа банка е тоа што за половина година добивката е едно евро по акција. Тоа значи дека ако продолжи со оваа дивидендна политика ќе може да очекуваат дивиденда најмалку на нивото од мината година. Добивката за половина година надмина 922.000 евра и во споредба со истиот период лани е зголемена за повеќе од 402.000 евра.

На расходната страна најголем трошок е тој за вработените и изнесува 1,28 милиони евра за шест месеци. Резервациите се на ниво од 771.000 евра и тие се минимално зголемени во споредба со истиот период лани. Најзначаен катализатор на зголемената добивка е тоа што банката речиси и да нема загуба заради оштетување на нефинансиски средства.Лани по тој основ банката книжела трошок од 830.500 евра, а годинава тој трошок е помал од 9.000 евра.

Раст на кредитирањето од 7,6 отсто за шест месеци

Кредитното портофолио на ТТК Банка за првите шест месеци годинава е за 5,65 милиони евра поголемо од истиот период лани. Растот изнесува 5,6 отсто и е резултат за поздравување ако се има во предвид острата конкуренција на 6 мали и средно големи банки со кои си конкурира ТТК Банка. Кредитното портфолио на оваа банка изнесува 79,9 милиони евра на крајот на јуни годинава. Тука мора да се напомене и тоа што менаџменот одлучил да го намали вложувањето во државни хартии од вредност за сметка на кредитната експанзија. Видлив е тренд на пад на вложувања во хартии од вредност кои на крајот на јуни годинава изнесуваат 20,7 милиони евра и се за 2,3 милиони евра помалку од вложувањата во хартии од вредност на крајот на јуни лани. Можеби и позначајно да се истакне е тоа што ТТК Банка за првите шест месеци годинава успеала да ја зголеми депозитната база за 7 милиони евра во однос на истиот период лани. На крајот на јуни годинава банката чува депозити вредни 110,7 милиони евра. За првите шест месеци годинава банката превзела средства вредни 190.000 евра врз основа на ненаплатени кредити и заеми. За истиот период банка продала средства од ненаплатени кредити (останати приходи од биланс на успех н.з.) вредно околу 847.000 евра.

ТТК Банка е во конкуренција на мали банка на домашниот пазар. Според вредноста на вкупните средства во првиот квартал годинава кои изнесуваат 132 милиони евра таа е на 13 место од 15 банки. Во конкуренција на вкупни кредитни пласмани таа е за 12 место со 81 милиони евра ( на крај на март годинава), кај рангирањето на вкупни депозити била на 12 место со влогови вредни 97 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите