24 Април, 2019
0.0249

Како „УНИ Банка“ ја зголеми добивката за повеќе од 10 отсто

Објавено во: Економија 21 Март, 2019

УНИ Банка лани значајно ја зајакнала својата пазарна позиција лани во споредба со 2017 година. Банката оствари значаен раст на кредитното портфолио, оствари голем раст на депозитната база, успеа да ги зголеми приходите од камати и од надоместоци. На крај банката ја зголеми добивката за повеќе од 10 отсто во споредба со претходната година, покажуваат клучните податоци од финансиските извештаи на банката достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Нето приходите од кредити пораснале за 1,47 милиони евра до износ од 12,11 милиони евра лани. Солиден и важен раст книжат и приходите од провизии и надоместоци кои лани достигнале 2,2 милиони евра и се за 0,17 милиони евра повисоки од претходната година. Значајно за истакнување е и тоа што останатите приходи од дејноста банката лани оствари 0,5 милиони евра што е за повеќе од 10 отсто подобар раст во однос на претходната година. 

Нето добивката по акција изнесува 8 евра односно 492 денари и е за 48 денари подобар принос во споредба со 2017 година. Вкупната добивка на оваа банка за лани е 4,35 милиони евра.

Кредитната активност на банката е извонредно голема. Нивото на кредитни пласмани на крај на 2018 година достигнало 227,5 милиони евра и тоа е за 48,8 милиони евра повеќе од 2017 година. Податоците покажуваат дека „Уни банка “ лани ја зголемила својата кредитна позиција за повеќе од 25 отсто што е силен раст и значаен подем во силната конкренција на сегментот на средните банки во земјава.

Заради тоа е логично тоа што е видливо од билансот на успех значен раст на резервациите заради кредитните пласмани. Нивото на резервации на крај на 2018 година е 0,92 милиони евра. Наспроти ова во претходната година банката има позитивно салдо кај оваа ставка заради ослободувањето на резервациите во износ од околу 300.000 евра.

Огромен раст книжи и депозитната база. „Уни банка“ на крај на 2018 година лува 268,7 милиони евра депозити на коминтенти што е 64,7 милиони евра повеќе од 2017 година. Овој податок доволно говори за тоа колку била успешна деловната стратегија на менаџментот за привлекување на депозити.

Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

Пука ли „Росњефт“ во празно: Пари легнуваат на контото на рускиот нафташ

Пука ли „Росњефт“ во празно: Пари легнуваат на контото на рускиот нафташ

Дали ќе поскапи цената на свинското пред претстојните празници?

Дали ќе поскапи цената на свинското пред претстојните празници?

Царинска политика по мерка на бизнисот

Царинска политика по мерка на бизнисот

Eве каде може да ги проверите годишните даночни пријави

Eве каде може да ги проверите годишните даночни пријави

Како им одеше бизнисот лани на компаниите за осигурување „Сава“ и „Еуроинс осигурување“ ?

Како им одеше бизнисот лани на компаниите за осигурување „Сава“ и „Еуроинс осигурување“ ?

Колку Мермерен комбинат ги плаќа менаџерите кои направија 22 милиони евра профит?

Колку Мермерен комбинат ги плаќа менаџерите кои направија 22 милиони евра профит?

Павле Гацов ги пофали новите даночни пријави

Павле Гацов ги пофали новите даночни пријави

НЕ ДАВААТ НИ ДОЛАР: Големи компании избегнале плаќање данок

НЕ ДАВААТ НИ ДОЛАР: Големи компании избегнале плаќање данок

Држ - не дај со новата методологија за цената на бензините: Зошто државата чекаше фотофиниш?

Држ - не дај со новата методологија за цената на бензините: Зошто државата чекаше фотофиниш?