24 Април, 2024
0.0274

КАКО ВО ФИНАНСИСКАТА КРИЗА: Банкарите пуштија потрошувачки кредити, пораснаа лошите

Објавено во: Економија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

За 7,4 проценти се зголемиле нефункционалните кредити на домаќинствата за само една година. Имено за толкав процент пораснала сумата кредити чии рати граѓаните не можат да ги вратат подолго од 90 дена во 2018 година во споредба со 2017 година. Тоа според Народната банка е најголем раст на лошите кредити по глобалната финансиска криза. Најголем дел од нефункционалните кредити на домаќинствата се потрошувачките кредити. Народната банка смета дека ова е на некаков остварување на ризиците од побрзиот раст и олеснетите услови за потрошувачко кредитирање во изминатиов период.

„Народната банка го следи движењето на вкупните и на нефункционалните потрошувачки кредити, бидејќи може да сигнализира можни растечки ризици и во идниот период, и е подготвена доколку оцени дека постои потреба, да преземе соодветни мерки за негово ограничување, велат од Централната банка.

Во 2018 година, според достапните податоци нефункционалните потрошувачки кредити се зголемиле за 329 милиони денари или за 17,8 проценти, што е довојно повеќе во споредба со 2017 година кога растот изнесуваше 139 милиони денари или 8,1 процент.

Сепак нивото на нефункционални кредити во земјава кога домаќинствата се во прашање е 2,3 проценти. Тоа е ниско ниво ако стапката се споредува со нивото од пред неколку години.

Инаку станбените кредити се најквалитетниот сегмент од кредитното портфолио на банките составено од домаќинствата. Нефункционалните станбени кредити изнесуваат 0,9 проценти на крајот на 2018 година.

Од Народната банка велат дека има натамошното засилување на кредитната поддршка од банкарскиот систем. 

„Поголемите склоности на банките за кредитирањето на домаќинствата се темелат главно на поголемата дисперзираност на ризиците од аспект на висината на кредитите и бројот на клиентите, како и на натамошното подобрување на очекувањата и оцените на банките за профилот на ризик на кредитната побарувачка, во услови на сѐ уште ниска задолженост на овој сектор и поволни остварувања на пазарот на труд. Зголемената финансиска поддршка на домаќинствата преку кредитите од банкарскиот сектор соодветствува со натамошното нето-олеснување на условите, утврдуваат во НБРМ.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?