25 Април, 2024
0.0295

Каков платен биланс имаше во првиот квартал од 2020 година?

Објавено во: Економија 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во првиот квартал од 2020 година, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 157 милиони евра, при дефицит во стоковната размена и кај салдото на примарниот доход. Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени нетоприливи кај категориите директни инвестиции и трговски кредити, информираат од Народна банка. 


Тековна сметка 

Во првиот квартал од годината, размената на стоки (547,7 милиони евра) и подбилансот на примарен доход (101,1 милион евра) остварија дефицит, коишто делумно беа неутрализирани преку суфицитот остварен кај секундарниот доход (325,7 милиони евра) и кај размената на услуги (166,2 милиони евра). Како резултат на движењата на одделните компоненти, тековната сметка на билансот на плаќања оствари негативно салдо од 157 милиони евра. Во споредба со истиот квартал од минатата година, дефицитот во тековната сметка е намален за 1,2 милиона евра, како резултат на зголемениот суфицит во размената на услуги (за 64,3 милиони евра) и намалениот дефицит на примарниот доход (за 10,4 милиони евра), во услови на влошен дефицит во стоковната размена (за 72,6 милиони евра) и минимално намалување на нето-приливите кај секундарниот доход (за 1 милион евра). 

Финансиска сметка 

Кај финансиските трансакции со нерезиденти, во првиот квартал од 2020 година се остварени нето-приливи од 172,7 милиона евра. Позначајни нето-приливи се остварени кај директните инвестиции (132,7 милиони евра) и трговските кредити (6,9 милиони евра). Кај заемите и валутите и депозитите се остварени нето-одливи (112,6 и 72,1 милиони евра, соодветно), врз основа на портфолио-инвестициите се остварени нето инвестиции во странство во износ од 31,6 милиони евра.. Во првиот квартал од 2020 година кај директните инвестиции се остварени нето-приливи во вкупен износ од 132,7 милиони евра. Анализирано по компоненти, ваквите остварувања се резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (83,1 милион евра), меѓукомпанискиот долг (34,3 милиони евра) и кај сопственичкиот капитал (15,3 милиони евра). За споредба, во првиот квартал од минатата година, нето-приливите од директни инвестиции изнесуваа 40,2 милиона евра. 

Во првиот квартал, обврските врз основа на директни инвестиции се зголемени за 235 милиони евра, како резултат на зголемени обврски кај сите компоненти - меѓукомпанискиот долг (128,2 милиони евра), реинвестираната добивка (86,3 милиони евра) и сопственичкиот капитал (20,5 милиони евра). Средствата врз основа на директни инвестици, во првиот квартал од годинава се зголемени за 102,3 милиони евра, како резултат на зголемените побарувања врз основа на должничките инструменти (93,9 милиона евра), сопственичкиот капитал (за 5,2 милиони евра) и реинвестираната добивка (3,2 милиони евра). Во првиот квартал од 2020 година, нето-обврските врз основа на портфолио-инвестиции се намалени за 31,6 милиони евра, во најголем дел како резултат на нето-вложувања на домашните финансиски институции во странски хартии од вредност, при истовремено намалување на обврските на секторот „држава“ кон странство (отплата на камата врз основа на издадените еврообврзници, како и откуп на еврообврзници од претходни емисии од страна на домашни субјекти резиденти). Во првиот квартал од 2020 година, нето-обврските врз основа на заеми се намалени за 112,6 мил. евра. Намалувањето во најголем дел произлегува од нето-отплатите кај секторот „држава“ (157,7 мил. евра), а во помал дел и кај секторот „депозитни институции“ (2,3 мил. евра), додека останатите сектори3 бележат нето-приливи (48,2 мил. евра). 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?