Каков предлог за името ќе извади од ракав Нимиц за 5 дена?
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018
Каков предлог ќе извади на маса пред Скопје и Атина медијаторот Нимиц ќе знаеме на 17 јануари.
Владите во двете земји очекуваат иницијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името на претстојната рунда разговори за на 17 јануари во Њујорк.
Вчера на средбата меѓу Никола Димитров и Никос Коѕијас беше изразен оптимизам дека решение е можно, а двајцата дипломати разговарале за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликите околу името, јави дописникот на МИА од Атина.