Каков татко е овој монструм: Србин си ја убил ќерката оти плачела-ќе оди в затвор со казна до 40 години
Објавено во: Балкан 30 Август, 2019
Тој се гони за тешко убиство, односно дека држејќи го девојчето во лева рака - со десна отворена дланка го удрил повеќе пати во пределот на лицето.
-Да виновен сум. Но не сум убиец, не сакав тоа намерно да го направам. Се каам.“
Ова го изјавил Ферди Јашари на почетокот на судењето за убиството на петмесечната ќерка минатата година во Земун.
Тој ќе одгоавара за тешко убиство, на сопственото дете.
-Сакав да ја смирам. Не сакав да ја удирам со песница. Немав контрола поради дрогата. Ја удрив по бутината и двапати со песница зад главата - раскажал Јашари пред судот во Белград.
Јашари е обвинет дека под дејство на алкохол и марихуана во семејната куќа во Земун до смрт ја претепал петмесечната ќерка Леонора.
Тој детето го удирал со раце по глава и тело и тоа поради што плачело, а монструозното убиство е откриено откако бебето е погребано, кога Јашари се напил и го признал злосторството на неговата мајка.
Јашари ќе добие казна затвор од 10 до 40 години затвор. Инаку, со вонпрачната сопруга има тригодишен син.