19 Април, 2024
0.1184

Каква е крвната слика на „Уни банка“?

Објавено во: Економија 21 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Раст на нето приходи од камати и од надоместоци, кои од почеток на годинава до крај на март, пораснале за речиси половина милион евра во однос на истиот период лани. Добивката за три месеци надмина 1 милион евра и во однос на истиот период лани е поголема за 15,2 отсто. Кредитирањето е зголемено за 16,2 отсто ( 26,3 милиони евра повеќе од истиот период лани) 

„Уни банка“ продолжува со солидни резултати, дури мора да се признае со континуиран и забележителен раст што сигурно ги радува сите акционери. Цената на нејзината акција на македонскиот пазар е рефлексија на довербата на инвеститорите во таа акција. Во првите три месеци годинава банката има силен подем на своето пазарно учество гледано преку зголемениот обем на кредитирање, проследен со солиден раст на депозитната база. Од кредитирањето има значајно зголемување на нето приходите од камати, а солиден раст остварува и кај нето приходите од провизии и надоместоци.

Нето приходите од камати пораснале 15 отсто!

„Уни банка„ за првите три месеци ги зголемила своите нето приходи од камати за 15 отсто, покажува билансот на успех. Нето износот од камати достигна 171,3 милиони денари што значи дека во периодот од првите 90 дена годинава таа банка има 1,9 милиони денари нето од камати просечно секојдневно. 

Нето приходот од камати пораснал за 22,1 милиони денари во услови кога бруто приходот од камати пораснал за 21,4 милиони денари, што значи дека банката за овој период успеала да ги намалила своите расходи за камати во споредба со првите три месеци лани. Кај надоместоците од дејноста резултатот е уште поочигледен. Растот во првите три месеци годинава во споредба со истиот период лани е 20 отсто односно во пари 6,9 милиони денари или повеќе од 110.000 евра. Нето приходот од надоместоци и провизии е 39,9 милиони денари. Вкупните нето приходи од двете најважни приходи ставки (камати и надоместоци) се над 210 милиони денари, а во истиот период лани биле 181 милиони денари.

Кај расходите треба да се истакне умерен раст на резервациите што е и очекувано во услови на зголемен обем на кредитирање. Резервациите за првиот квартал се 22,3 милиони денари и во однос на истиот период лани се поголеми за 12,7 милиони денари. Значајно проценуално зголемување има и загубата на банката заради оштетување на нефинансиски средства (опрема, недвижности земени како гаранција за неплатени побарувања), но и тоа во однос на другите показатели не е важна и голема ставка. Загубата по тој основ за првиот квартал е 13,8 милиони денари, а во истиот период лани била 4,2 милиони денари. Трошоците за амортизација и за останати расходи се пониски од истите лани, а зголемување има кај трошокот за вработени и тоа за околу 6 милиони денари до износ од 62,7 милиони денари. Добивката пред оданочување е поголема од 1 милион евра и изнесува 62,7 милиони денари. Тоа во однос на лани е раст за 15,2 отсто.

Растат депозитите, растат и кредитите

Кај кредитирањето банката бележи значаен раст и зголемување на своето пазарно учество. Нивото на кредитирање на крај на март достигнува 11,65 милијарди денари и бележи раст од 1,63 милијарди денари односно Тоа значи дека во период од една година од крајот на март лани до крајот на март годинава кредитирањето пораснало за 16,2 отсто.

Депозитната база на „Уни банка“ за една година (од март лани до март годинава) пораснала за 1,76 милијарди денари, од 11,94 милијарди денари до 13,7 милијарди денари. Ова оставило простор банката во соодветна мерка да го зголеми и своето кредитирање. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб