25 Април, 2024
0.0281

Каква „магија“ направи Андреја?

Објавено во: Финансии 19 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Продажбата на „Макпетрол“ достигна 166 милиони евра за половина година и порасна за 6 отсто од лани. Оперативната добивка за пола година е 3 милиони евра и е за 40 отсто пониска од лани. Во што е разликата? Податоците од билансот за успех покажуваат дека во првото полугодие приходите од продажба се поголеми од оперативните расходи за 2,3 милиони евра. А лани во истиот период продажбата е за 4,6 милиони евра поголема од оперативните расходи.

„Макпетрол“ во првите шест месеци годинава има зголемени приходи од продажба за 9,3 милиони евра во споредба со истиот период лани односно за 6 отсто, покажуваат резултатите од билансот на успех што најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати го објави на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност. Приходите од продажба на „Макпетрол“ надминаа 10 милијарди денари односно достигнаа 166 милиони евра. На домашниот пазар продажбата порасна за 6 отсто и достигна 157 милиони евра, а извозот порасна за 15 отсто и достигна 9 милиони евра. 
Но овој резултат не може во целост да ги задоволи интересите на акционерите, барем засега. Во исто време со растот на приходите од продажба, оперативните расходи на компанијата пораснале за 9,4 милиони евра односно за 8 отсто во однос на истиот период лани. Тие на крајот на јуни изнесуваат 163,6 милиони евра. Најголема расходна ставка е набавната вредност на трговски стоки  која пораснала за 7 отсто и изнесува 145,45 милиони евра. Трошокот за вработените пораснал за 10 отсто и изнесува 8,4 милиони евра.  Тоа веројатно се должи на фактот што „Макпетрол“ вработил 113 лица. Оперативната добивка е 3 милиони евра и бележи пад во споредба со лани од 41 отсто.

Од билансот на успех не може да се утврди дали причина за зголемените оперативни расходи е тоа што компанијата набавила поголеми количества трговски стоки (пред се деривати н.з.) или тоа е заради тоа што набавувала по цени кои се повисоки од ланските. Можно е компанијата за има набавено поголеми количества деривати ако очекува дека цените ќе растат (но тоа не може да се коментира затоа што нема состојба на залихи). Ако е така тоа треба позитивно да се одрази на билансот во втората половина од годинава. Но, можно е и количествата деривати да се набавуваат по повисоки цени од лани.

Податоците од билансот за успех покажуваат дека во првото полугодие приходите од продажба се поголеми од оперативните расходи за 2,3 милиони евра. А лани во истиот период продажбата е за 4,6 милиони евра поголема од оперативните расходи.Токму заради тоа лани нето профитот бил 3,5 отсто од продажбата, а годинава е 2,4 отсто и тоа во услови кога продажбата е пристојно зголемена во споредба со лани.

 Компанијата во овој период успеала да ги намали финансиските расходи во однос на истиот период лани за 15 отсто и тие сега изнесуваат 760.000 евра. Нето добивката е 4 милиони евра и е за 28 отсто пониска од првата половина во 2018 година. Во првите шест месеци годинава таа е пониска за 1,55 милиони евра во споредба со истиот период лани. Секоја акција за првото полугодие носи добивка од 35 евра. Од билансот на состојба се гледа дека нема значајни промени кај обврските на друштвото во првото полугодие годинава во споредба со истиот период лани.

Како тркалаше ОИЛКО ?

Истовремено приходите од продажба на ОИЛКО во првото полугодие пораснале за 360.000 евра и достигнаа 3,2 милиони евра што е за 13 отсто подобар резултат од истиот период лани. Растот на приходите на домашен пазар е за 248.000 евра во споредба со лани и тие изнесуваат 2,92 милиони евра. Растот на продажбата надвор од земјава изнесува околу 110.000 евра. Нето добивката за половина година е 202.000 евра и е речиси три пати поголема од профитот во истиот период лани.

ОИЛКО е единственото командитно друштво до земјава. Најголем поединечен акционер е „Макпетрол“ кој поседува 35,6 отсто од акциите. Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ поседува 15 отсто од акциите со право на глас во таа компанија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо