25 Април, 2024
0.0310

КАКВА МУЗИКА СВИРИ ДУИ - зошто идејата за Албанец премиер сега стана најбитна работа во државава

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Како и секогаш пред избори, Демократската унија за интеграција ја облекува својата националистичка облека. 

Не стивнува нивната гласност во промоција на идејата Албанец да биде избран за премиер на земјава. Откако тоа како роденденска желба на партијата си го посака лидерот Али Ахмети, по што тој и неговите сопартијци промовираа и видео на албански јазик на социјалните мрежи во кое повикуваат на обединување за да се оствари оваа цел, од ДУИ, и денеска преку соопштение, продолжија да ја наметнуваат во јавноста идејата за прв премиер Албанец.

Од ДУИ велат дека Охридскиот договор се спроведува, албанскиот јазик сега веќе е службен, а Албанците предводат најмногу позиции од било кога.

„Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста,  Албанците се соочуваат со потешкотии во работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда. Затоа, ова не поттикна да го превземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме прв албански премиер во Северна Македонија“, се вели во соопштението од интегративците.

ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за албански престедател на Владата. 

„Сега е време и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за албански премиер?“, се вели во соопштението.

ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа иницијатива и заедно да се договорат за следниот премиер Албанец. 

Се поставува прашањето што се крие зад ваквата нападна реторика и кампања на ДУИ во последниве денови, токму во период кога земјава има за решавање многу посериозни проблеми.

Дали можеби со тоа партискиот естаблишмен се обидува да го оттргне вниманието на јавноста од тоталниот неуспех да обезбедат превенција и да се справат со неконтролираното ширење на коронавирусот во општините со доминантно албанско население. 

Или, пак, се појавиле некои неповолни резултати во нивните анкети, за кои секогаш се зема досега најдобро докажаниот лек, а тоа е играње на националната карта.

Се разбира, воопшто не е спорно дали премиер на земјава би бил Македонец или Албанец, но тоа зависи од фактот кој ќе може да собере поддршка од барем 61 пратеник.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, деновиве му порача на Ахмети, дека ако СДСМ победи на изборите, Заев ќе биде човекот што ќе ја преземе премиерската палка, а доколку ДУИ инсистира на вакво барање, ќе мора да замине во опозиција. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг