Каква заштитна маска користи премиерот Заев?
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020
Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски присуствуваше со маска која штити и од аерозагадување, а не само од Ковид-19
Цената варира од 200 до 899 денари. Станува збор за респираторна маска со висок степен на заштита и го намалува потенцијалниот ризик од преносни инфекции
Ги задржува капките при кашлање, кивање и зборување. Вградениот филтер спречува внес на аеросоли, прашина, честички, бактерии, вируси, смог и полен
Самата маска има петслојна заштита и на овој начин се постигнува ефикасно филтрирање, што значи дека маската може да се користи повеќе пати.
На денешната седница на Советот за безбедност се зборува за мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции за справување со пандемијата.
Од денеска носењето заштитна маска е задолжително и на отворен простор дури и кога физичкото лице е без придружба.