20 Април, 2024
0.0272

Каква златна кокошка продаде НЛБ Банка ?

Објавено во: Економија 16 Април, 2018

Добивај вести на Viber

„Нов пензиски фонд“ управува со половина милијарда евра пари на идни пензионери. Лани друштвото оствари добивка од 83 милиони денари што е 42,6 отсто од целиот приход остварен лани! НЛБ продаде фирма со акумулирана добивка од 301 милиони денари и со вкупни средства од 479 милиони денари. И секако, бизнис со голем растечки потенцијал

НЛБ „Нов пензиски фонд“ друштвото кое управува два пензиски фонда кои акумулураа околу половина милијарда евра досега, лани оствари вкупна нето добивка од 83 милиони денари, покажуваат официјалните податоци од извештајт на независната ревизија.

„Нов пензиски фонд“ лани ја зголемил вкупната добивка за 19,35 милиони денари односно за 30 отсто во споредба со 2016 година.Многу е значајно тоа што „Нов пензиски фонд“ лани имал вкупни приходи од 194,69 милиони денари. Тоа значи дека профитот на компанијата, која има регулиран бизнис чии приходни тарифи се утврдени од државата, изнесува 42,6 отсто од целиот приход!!! Ова е фантастичен сооднос на приход и добивка што може да го сонуваат многу компании кои работат на пазар. Од оваа перспектива навистина изгледа дека „Сава РЕ“ купила компанија – златна кокошка. Затоа што:„Нов пензиски фонд“ има акумулирана добивка од 301,5 милиони денари, има вкупни средства од 479 милиони денари и што е најважно за лани има профитна маргина од 40 отсто. А притоа зборуваме за регулирана дејност.

Како лани изработи „Нов пензиски фонд“?

Вкупните приходи на компанијата лани достигнале 194,69 милиони денари и се за 8,8 милиони денари повисоки од вкупните приходи остварени во 2016 година. Нејзините приходи се состојат од две ставки. Првата е надоместокот од придонеси и тој лани изнесува 85,5 милиони денари и пораснал за 0,65 милиони денари во однос на 2016 година. Надоместокот за управување пораснал за 9 милиони денари од износ од 109,2 милиони денари. Оваа тенденција на раст се очекува да продолжи и во иднина. 
Расходот за управување со фондовите лани изнесувал 56,6 милиони денари и тој пораснал за 4,8 милиони денари во однос на 2016 година. Тука најголема е ставката за провизијата т.е. надоместокот за МАПАС државниот регулатор на работата на пензиските фондови кој лани изнесува 25 милиони денари и е за 2,2 милиони денари поголем од 2016 година. Банката чувар т.е. „Комерцијална банка“ лани за чување на средствата на двата фонда со кои управува „Нов пензиски фонд“ наплатила 17,8 милиони денари односно 2,65 милиони денари повеќе од 2016 година. Меѓу позначајните ставки е и трошокот за маркетинг кој изнесува 10 милиони денари. Кога ќе се удри цртата компанијата има добивка од управување во износ од 138 милиони денари и таа е за 4 милиони денари повисока од 2016 година. 
Од финансиски приходи на своите средства друштвото остварило приход од 15 милиони денари и тоа е од камати на депозити и од камати на вложувања во хартии од вредност.

Здраво ги скастриле трошоците за клучниот менаџмент!

Друштвото лани ги намалило трошоците за вработените за 6,9 милиони денари до износ од 46,3 милиони денари. Многу е позначајно кратењето на трошоците за клучниот менаџмент. Тие лани изнесувале 16,55 милиони денари, а се намалени за 7,4 милиони денари во споредба со 2016 година. Ова позитивно влијаело на нето добивката која достигнала 78,3 милиони денари и пораснала за 13,9 милиони денари до однос на 2016 година. Вкупната нето добивка пораснала за 19,35 милиони денари до износ од 83 милиони денари.

Што е ново кај „Нов пензиски фонд“?

На 12 декември лани оваа компанија доби нов сопственик и тоа е словенечката компанија за реосигурување  „Сава РЕ“. Продавачи беа македонската НЛБ Банка Скопје и нејзината матична банка НЛБ Љубљана.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ