28 Март, 2024
0.0261

Какви игри вртат Топлификација, БЕГ, ТЕ-ТО и Шилегов со парното греење?

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Што ќе се случува со испораката на топлинска енергија до граѓаните во Скопје кога ќе почне грејната сезона годинава е моментно прашање од милион долари. Заплеткани сопственички врски, долгови, стечаи, нови претпријатија кои се во трка да ја дистрибуираат енергијата до домаќинствата кои е приклучени на градската мрежа. Голем удел во тоа има новиот закон за енергетика кои значајно ја смени поставеноста на играчите, но не помалку за хаосот придонесува и ескалацијата на наталожените проблеми меѓу нив во сето време кое помина досега. Моментно, компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ) ги има лиценците за производство, пренос и дистрибуција на топлинска енергија. Во таа улога е од 2013 година, а тоа набрзо, барем според најавите може да се промени поради тоа што град Скопје веќе формираше ново претпријатија за дистрибуција на енергијата до домовите, за што градоначаникот Петре Шилегов основа влече од новиот Закон за енергетика кое тоа го дозволува. Ако тоа се случи дали БЕГ ќе остане производител, што ќе прави Топлификација во случајот и како и гасната централа ТЕ-ТО е вклучена во процесот?

ДАЛИ ТОПЛИФИКАЦИЈА ЌЕ ГИ БАРА ТОПЛАНИТЕ НАЗАД

Топланите на кои БЕГ моментно ја произведува енергијата се државни односно ги поседува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кои уште пред 35 години и се дадени на тогашна Топлификација. Таа во 2012 година се откажа од лиценците за производство и дистрибуција, па истите ги даде на тогаш новоформираната БЕГ. Таа требаше за закупот да и плаќа на Топлификација, а сега веќе е јасно, дека по таа основа е насобран долг, па Топлификација беше и една од доверителите кои побара да се отвори стечај за „БЕГ производство“, една од фирмите на Балкан енереџи груп, која не работела рентабилно. Ако, сега БЕГ ја изгуби дистрибуцијата, можно е како што дознава Фактор, Топлификација повторно да ги бара топланите назад, па ситуацијата да се врати на ниво до пред шест години. Тоа ќе значи и дека БЕГ на некаков начин би се припоил кон Топлификација. Но, ова се непотврдени информации, иако многу работи секако зависат и од развојот на настаните со новоформираното претпријатија со кое Шилегов планира да ја дистрибуира топлинската енергија до домовите во Скопје. Тој уште не побарал лиценца, но како што се тврди прашање на време е кога тоа ќе се случи. Градските власти сметаат дека законот е дециден дека, производството, преносот и дистрибуцијата треба да се одвоени, исто каков што е случајот и со мрежата на електричната енергија, па затоа во системот постојат ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ, секој со посебна функција. Со тоа се согласуваат и познавачите, иако тие имаат дилема дали на ваков начин во новата сезона граѓаните би имале поевтино парно, оти трошоците на новото претпријатие ќе се поголеми. Други велат дека секако цената нема да се зголеми, оти на таков начин градските власти ќе одржуваат и социјален мир евентуално.

ТЕ-ТО ВАЖНА АЛКА, БЕГ И ШИЛЕГОВ ВО КОСТЕЦ

Додека се кршат копјата околу дистрибуцијата, многу од неодговорените прашања се кај приоизводителите на топлинската енергија, оти во тој дел голем удел има гасната централа ТЕ-ТО, која пак е во должничко доверителски односи со Топлификација. 

Ова друштво учествувало во изградбата на централата со кредит кои го позајмила со залог на акции. Кредиот не е вратен до сега, па ТЕ-ТО, како што тврдат од Топлификација веќе со камати им должи околу 30 милиони евра. За ова има и одлуки на Врховен суд, но гасната централа моментно е во предстечајна постапка. Топлификација тврди дека стечајот е лажен, од ТЕ-ТО велат дека газдите имаат план за реорганизација за да се зголеми рентабилноста на компанијата која досега не работеше добро. И додека судот даде зелено светло за планот, директорот на Топлификација, Димитар Хаџимишев тврдеше дека со тоа и тие и банката ќе нема да можат да го наплатат побарувањето, што, како што вели тој е смислено сценарио.

Во мај годинава дури Битар холдинг побара да се отвори стечај за Топлификација затоа што ова друштво им должи милион евра, пари кои биле предмет на договор на заем. 

Aлександра Томиќ 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат