25 Април, 2024
0.0306

Какви патишта го очекуваат сега договорот?

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

По потпишувањето на договорот за името помеѓу Македонија и Грција, договорот оди на освојување во Владата. Според најавите договорот на седница на Влада треба да се најде веќе во понеделник. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот. Во Владата не би требало да има проблеми и истиот ќе помине, по што се праќа во Собранието. 

Пред да стигне за гласање пред пратениците треба да помине на Комисија за надворешна политика со која претседава Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Во Комисијата дискусијата е неограничена, па затоа за да нема застој се претпоставува дека Владата ќе го прати договорот со европско знаменце, слично како и Законот за употреба на јазиците. 

Откако овде ќе заврши процедурата, договорот оди на гласање пред пратениците. За да биде изгласан е потребно просто мнозинство или 61 глас. За договорот ќе гласаат СДСМ и најверојатно сите албански парти со што потребниот број на гласови е обезбеден. Потоа договорот треба да го потпише претседателот Ѓорге Иванов, кој веќе се изјасни дека нема да го направи тоа. 

И повторно слично како Законот за јазиците, за да се „скокне“ Иванов, договорот ќе треба да биде гласан по втор пат во Собрание. Многу поинаку ќе изгледаат работите во Собранието за гласањето на уставните измени за новото име, предвидени со договорот. За да поминат истите е потребно двотретинско мнозинство или 81 гласа. ВМРО-ДПМНЕ без која обезбедување на овој број на гласови е невозможен, се изјасни дека нема да гласа за уставните промени. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот