23 Април, 2024
0.0266

Какво е мислењето за Законот за јазици во најмултиетничкиот град во земјава?

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Градските татковци за Куманово често пати знаат да кажат дека е Македонија во мало, затоа што тука живеат сите националности кои ги има и во Република Македонија, со тоа што српската заедница е застапена во поголем процент за разлика од оној на национално ниво според пописот.

Куманово е дом на Македонци, Албанци, Срби, Власи, Роми, Турци и други. Ги прашавме што мислат за Законот за јазици, кој ја бранува јавноста затоа што беше објавен во Службен весник без потпис од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов. Мислењата на оваа тема се поделени.

„Јас сум против тој закон, ние немаме Влада. Една Влада ќе дојде мисли само на себе, другата бетер, и така ја продадоа државата. Koга треба да има попис, нашата власт и луѓето од албанска националност не дозволуваат да има попис“, вели Борко А. пензионер.

Друг Македонец вели дека не е запознаен во детали со Законот за јазици, но поважна му е економијата и подобрување на животот на граѓаните.

„Како ќе решат политичарите така нека биде. Јас не знам многу за тој закон. Мене ми е важно дали месецот ќе опстанам, друго не ме интересира“, додава тој.

Васви Демировски, нивни сограѓанин од ромска националност вели дека онаму каде нема Албанци, тој закон не треба да се спроведува.

„На пример во Крива Паланка нема Албанци, и јас мислам таму нема да важи тоа. Инаку, сега власта треба да се посвети  на економија ако сакаме да одиме во Европа и да биде подобро“, вели тој.

Жена од албанска националност вели дека ќе биде подобро за сите со овој закон.

„Знаеме дека овде живеат и Македонци и Албанци, и ќе биде подобро и за двете националности. Таму каде нема Албанци, нема да има потреба од тоа, ќе си работат само Македонци. Сега Владата да работи за подобра економија. Сите знаеме дека ако не влезе Македонија во ЕУ, ќе има криза. Луѓето се селат, јас сум од село Липково и од кај мене одат во странство луѓето затоа што мора некаде да работат“, вели Зирафете Рамадани.

Србинка која живее во истиот град смета дека со овој закон помалите заедници се изиграни, и дека ова е закон кој ќе го фаворизира само албанскиот јазик. Таа смета дека албанската етничка заедница ужива многу повеќе привилегии во однос на другите. 

„Како припадничка на српската заедница не се согласувам со употребата на Законот за јазици, со кој се овозможува употреба на албанскиот јазик на цела територија на Македонија. Чувствувам дека другите заедници се изиграни, и дека апетитите и аспирациите на албанскиот етникум се зголемуваат, и дека крајот на нивните желби никогаш нема да се најде. Премногу им се даваат права на Албанците, за кои никој не знае во колкав број ги има во државата. И не ја разбирам логиката во средини каде нема албанско население да се употребува албанскиот јазик“, вели таа.

Додава дека за жал ова некој веќе го зацртал и ќе мора да се спроведе на сметка на другите.

Од ВМРО-ДПМНЕ прво повикаа на бојкот на овој закон, и поднесоа иницијатива да се испита уставноста на Законот за јазици.

Законот за јазици ќе има и финансиски импликации. За имплементација на новиот закон се предвидени 1 милион и 700 илјади евра, од кои 8 милиони денари месечно ќе бидат само за Агенцијата за албански јазик. Експертите се пожалија дека македонскиот јазик со години е на маргините. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи