КАКВО ВРЕМЕ ЈА ЧЕКА ЕВРОПА: Во декември неочекувано топло, а потоа следи поголем шок
Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2019
Студено време ширум северна Европа се очекува во октомври и ноември, а температурите повторно ќе се искачат над вообичаено за тоа годишно време во декември, прогнозираат американските метеоролози.
На југот на Европа за периодот од октомври до декември се прогнозира потопло од вообичаеното.
Cooler Oct-Nov expected for northern #Europe -The #Weather #Company https://t.co/LNjjFMPqER
— Devdiscourse (@dev_discourse) October 2, 2019
Во Велика Британија, северна Европа и јужна Скандинавија се очекуваат обилни врнежи од дожд повеќе од вообичаеното, додека условите ќе бидат посуви во крајниот северен и јужен дел на Европа.
Метеорологот Тод Крафорд вели дека голем дел од северна Европа во јануари и февруари може да се соочи со својата прва многу студена зима од 2012 година.