24 Април, 2024
0.0326

Камчев: Сите што платиле реклама во 1ТВ, сите биле гонети од Јанева и Боки 13

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

„Не се претставив како жртва, јас сум жртва. Има докази, со сите изнуди што беа правени од страна на оваа злосторничка група предводена од Јанева и Јовановски, судијка, адвокат и слично, кои подоцна ќе се докажат, ќе видите дека сум бил жртва. Не сум само јас, имало и други, но јас кажав во јавноста“. Вака пред новинарите зборуваше сведокот Орце Камчев за случајот Рекет.

Во мојот случај Рекет, нагласи Камчев, немало директно присуство ни на еден политичар, да имало ќе кажев. Во случаите со Меѓународен сојуз, ако се потврди, можеби ќе има инволвираност на некои луѓе што биле во власта, но во мојот случај немало. 

Прашан дали ја амнестираше Јанева денеска на некој начин, рече дека ја кажал само вистината. „Не лажам, кажав вистина, која беше болна за некого. Катица не ми нудеше спогодба, не можам за тоа да ја обвинам. Ми нудеше Бојан, а јас ја слушнав Јанева која со него на телефон разговарала за работа што е невозможна да се изведе. Паметен сум и сфатив дека е нивна игра, но таа не ми понудила спогодба“, нагласи Камчев. 

Прашан дали Сашо Мијалков платил рекет, Камчев со одговор.

„Сум слушнал за тие луѓе. Паметни новинари сте, видете кој се се рекламирал на 1ТВ по 200 илјади евра, ќе ви стане јасно. Сите што во 1ТВ платиле реклама сите до еден биле на некој начин гонети од Јовановски и Јанева“, нагласи сведокот.

Дали ова значи дека случајот Империја е лага? 

„Сакам само да докажам дека сум чист, и тоа ќе го докажам ако утре има судски процес за тоа. Сакам да нагласам дека случајот Империја е случај отворен за изнуда на пари, бидејќи и со начелно правно мислење на Врховен суд, тие не биле овластени тужители, бидејќи се преземени предмети од пред 18 години, затворени со обвинителски резолуции, што не е нормално.

Ако сум сторил криминал, јас за тоа ќе одговарам пред јавноста. Но ќе докажам дека не сум сторил. 

Јас вработувам 3000 луѓе, најголем плаќач сум на данок во земјава, и нема да дозволам моето име и на моите деца да го валкаат вакви накази како Бојан Јовановски и Катица Јанева“, нагласи Камчев.

За обвинтелката Стефанова кажа дека треба да се постави прашањето - кој потпишувал? 

„Сум слушал сам дека Катица давала противзаконски наредби на Стефанова. Доколку Катица ја присилувала Лиле да го прави тоа, зошто не пријавила до надлежниот обвинител Јовески, дека има притисок од Јанева“, праша Камчев.

За улогата на судијката Весна Димишкова, рече „ПИМ мерките што ми беа продадени од братот на судијката, од кого се добиени? Мене ми понуди спогодба братот на мојата истражна судијка, има и докази, со исти бројки кои потоа ги кажуваа Јовановски и Јанева. Кој друг адвокат има ПИМ мерки во копија и во нуди спогодба дека ако дојде до процес истите тие ќе бидат изменаџирани по скала на плаќање. Да сум сакал да поткупувам, ќе платев на почетокот, и немаше да има процес. Јас бев убеден дека апсолутно нема дело против мене и тоа ќе го докажам“, рече Камчев.

Смета дека направил голема заслуга на оваа држава, да се исчисти тоа зло, 2 до 3 отсто од нечесните судии и обвинители, а има и чесни.

Прашал како излегоа снимките, рече дека ги предал снимките до овластени институции, и оригиналните дискови до Обвинителство.

„Како излегле не знам. Тие потоа оделе до Основен суд, па до Апелација, а како излегле, не можам да кажам“, објасни Камчев. 

Во неговата куќа нагласи дека камерите се поставени пред 4 години, не тој ден кога се снимало. Бидејќи има пријатели и во Софија и Америка, нормално било со нив да се консултира за снимките.  

„Јас лично ги снимав сите работи преку мобилен и за тоа има докази, ќе ги видите преку обвинителство“, рече Камчев.

Прашан дали добил гаранции од власта дека ако не споменува имиња, ќе помине подобро, рече дека министерот Венко Филипче нема никаква улога, за состанок што бил споменат.

„Состанокот со министерот Филипче беше небитен. Многу функционери и директори биле злоупотребувани од Јовановски, ако беше важно за процесот ќе кажев сигурно. Бојан Јивановски бладаше, имаше идеја да прави јавни приватни партнерства, беше еден состанок, од мене непотврден, без интерес и од министерот. Јас и Филипче сме долги години пријатели, преку 20 години, тој ми е пријател и ќе ми биде. Бојан сакаше јавно приватни партнерства, за некаква болница. Ние му рековме дека тоа не држи вода, дека тој може преку негови врски да лобира. Да имало било што од Филипче, да знаете дека ќе беше пријавено“, тврди Камчев.

На барање на новинарите да одговори дали Катица и Боки го правеле рекетот без поддршка од власта, Камчев со одговор. „Тие беа многу блиски, има материјали. Алчноста на Катица за пари беше клучна. Телевизијата беше алатка како да ја зголеми моќта, повикувајќи функционери, судии, обвинители, правејќи им се пријател. Бојан ги продаваше на бизнисмените тие луѓе како блиски пријатели, преку кои може да заврши работа. Моќта на Катица беше огромна, Бојан е интелигентен и успеа се тоа да го изменаџира и да го продаде на бизнисмените“, рече Камчев.

Тврди дека никогаш не дал исказ дека Боки дознал дека е пријавен од премиерот. Откако го пријавив Боки, со него ги прекинав сите комуникации, рече Камчев, а за Кичеец, не може да тврди дали бил тројански коњ. Работел кај него две три години, после бил близок со Јовановски, што се случило после, не може да каже.

На прашањето каде заврши милионот, рече дека тие пари сигурно завршиле кај Јовановски. 

„Заврши кај Боки сигурно, а дали се делел потоа, колку, кој на кого. Верувам дека се делел, но кој ги зел парите не знам“, објасни Камчев.

Камчев ќе поднесе повеќе тужби. Тужба за жртва и граѓанска тужба против Катица и Јовановски. 

„Му ставив „Луј Витон“ за мајтап и луксузни магазини за мајтап. Се изнервира што банкнотите се по 50 евра. Тој е шоумен, глумец, го правеше ова за 5 минути шоу“, го објасни Камчев својот настап во судница. 

Акција вчера во неговите фрми немало. „Секој ден доаѓаат во контроли од УЈП, дојдоа од МВР двајца инспектори најкултурно да побараат документи за продажба на артикли од Монт на Полијестрдеј. Имаме испратници, фактури. Од МВР сфатија дека се е чисто, и дека сме добиле наплата 40 отсто, и имаме опомена, законски чекаме да ни ги платат средствата и тогаш ќе ја затвориме трансакцијата. Немаме контакт ни со ВМРО-ДПМНЕ, ни со СДСМ“, рече Камчев. 

 

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција