12 Јули, 2020
0.0220

КАМЧЕВ СВЕДОЧИ: Му кажав на Заев за „Рекет“ - тој ме прати со доказите директно кај Рускоска

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

Во тек е сведочењето на бизнисменот Орце Камчев за случајот „Рекет“ кој во суд сведочи сам без присуство на сопругата која не дошла бидејќи била болна.

Оштетениот во случајот открива нови детали непознати за јавноста а од она што можеше да се слушне е дека добил ветување по исплатата на милионот Катица Јанева се ќе среди заедно со обвинителката Лиле Стефанова.

„Одлучив се да пријавам кај премиерот. На средбата му кажав се. Тој беше запрепастен. Имавме и втора средба. Каде му покажав докази. Ми рече да му оставам неколку дена. После ми се јави и ми кажа сите докази да ги носам кај Рускоска. И така направив“ , посведочи Камчев.

Камчев истакна и дека Катица Јанева во една прилика во просториите на СЈО му рекла директно во очи : „Тоа што го договараш со Бојан да го завршиш“.

Меѓудругото Камчев открива и дека прв пат дознал дека е под ПИ мерки во август минатата година а го известил братот на судијката на претходна постапка Димишкова, кој бил адвокат и дека за застапување му побарал 100 илјади евра.

Боки13 прво му барал пари преку реклама

Бојан Јовановски прво ми побара пари, преку реклама, да уплатам во неговата телевизија.  Преку директорката во мојата компанија понудивме пари за реклама, рече сведокот на обвинителството Камчев при вкрстеното испрашување. 

- Подоцна таа ми кажа дека бил навреден од сумата од 40.000-50.000 евра, била мала и потценувачка. Подоцна тој бараше нова средба. Дојде со препишан бизнис план, за изградба на ВИП-фешн молови со скапи ресторани, продавници, да има телевизиско студио и модни ревии.  Прашав, имаш ли локација? Рече имам во Карпош, ама дека нема контакт повеќе со градоначалникот Стефан Богоев, бидејќи тој го заебал, а претходно му помогнал. Ја сврте последната страница од договорот, потпишан беше Лазар Јанев, синот на Катица. Сакаше да ми наплати 4 милиони евра, толку кошташе проектот, лиценцата за проектот. Ќе си имаш проблеми ако не го потпишеш. Не го потпишав, нормално, одговори Јордан Камчев. 


Можеби ќе ве интересира

ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА - имала ли младата девојка нешто што не знаела

ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА - имала ли младата девојка нешто што не знаела

ОДЛУЧИВТЕ ЛИ ДАЛИ И ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ - денеска добро слушајте, ова е последен ден од кампањата

ОДЛУЧИВТЕ ЛИ ДАЛИ И ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ - денеска добро слушајте, ова е последен ден од кампањата

МНОГУ СРЕДНОШКОЛЦИ УШТЕ ЧЕКААТ „АБЕР“ - ги нема ниту картичките, ниту одговорите

МНОГУ СРЕДНОШКОЛЦИ УШТЕ ЧЕКААТ „АБЕР“ - ги нема ниту картичките, ниту одговорите

ПАНЧЕВСКИ СЕ БАРА ПОД ДРВО И ПОД КАМЕН - МВР трага на повеќе можни локации

ПАНЧЕВСКИ СЕ БАРА ПОД ДРВО И ПОД КАМЕН - МВР трага на повеќе можни локации

МАКЕДОНИЈА НА МАПАТА НА СВЕТСКИТЕ ЦЕНТРИ - двете најтешки трансплантации достапни и во земјава

МАКЕДОНИЈА НА МАПАТА НА СВЕТСКИТЕ ЦЕНТРИ - двете најтешки трансплантации достапни и во земјава

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Се удави 28 годишно момче во Велешко езеро

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕС: Се удави 28 годишно момче во Велешко езеро

БУЈАР ОСМАНИ БАРА ПОДДРШКА ОД МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ - да се сруши дуополот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

БУЈАР ОСМАНИ БАРА ПОДДРШКА ОД МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ - да се сруши дуополот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

НАПРАВИВМЕ СЕ ЗА ДА ЈА СПАСИМЕ ДЕВОЈКАТА, НО СОСТОЈБАТА И СЕ ВЛОШИ СО СРЦЕВА СЛАБОСТ - од Здравство за Фактор

НАПРАВИВМЕ СЕ ЗА ДА ЈА СПАСИМЕ ДЕВОЈКАТА, НО СОСТОЈБАТА И СЕ ВЛОШИ СО СРЦЕВА СЛАБОСТ - од Здравство за Фактор

НЕМАЛА ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ - младата девојка од Тетово пред да почине имала и кардиолошки проблеми

НЕМАЛА ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ - младата девојка од Тетово пред да почине имала и кардиолошки проблеми