Камчев: Влезот на моќниот финансиски бренд Генерали ќе ја раздвижи берзата
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2019
Веќе подолго време на пазарот на капитал нема некое освежување во делот на понудата. Се издвоија неколку компании кои имаат пред се имаат добри финансиски резултати, високо ниво на корпоративно управување и стабилна дивидентна политика. Тие години наназад се носители на поголем дел од прометот на Македонската берза. Членствата во ЕУ и НАТО значат многу за секоја држава. Тие ќе донесат дополнителна стабилност и ќе ги зголемат пред се евентуалните интереси на странските инвеситори за вложување на македонскиот пазар на капитал. Членството пред се во НАТО е веќе интегрирано во цената на акциите-вели во интервју за Фактор Лазе Камчев директор на Генерали Инвестмент во Македонија.