КАМЕНОС ДРЗОК: Колку покани и да имате, со „Македонија“ не влегувате во НАТО
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2018
Коалицискиот партнер во грчката Влада, Панос Каменос, не отстапува од неговиот став, дека Македонија нема да стане членка на НАТО, а Договорот од Преспа нема да се имплементира, јави МИА.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, говорејќи пред грчките новинари во Брисел, министерот за одбрана, кој заедно со шефот на грчката дипломатија го придружуваат грчкиот премиер на НАТО Самитот, рекол дека Договорот од Преспа нема никогаш да се имплементира затоа што тој лично смета дека нема да помине ниту во собранието, ниту на референдумот кај нас.
-Може да собираат покани и да се сликаат, но во НАТО нема шанси да влезат се додека го користат терминот Македонија, рекол Каменос според АНА- МПА.