Каменос на запира: Уште еден исклучен од пратеничката група на Независни Грци
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2019
Панос Каменос му даде црвен картон и на Василис Кокалис.
Откако ја исклучи министерката за туризам Елена Кундура, истото го снајде и заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис .
Оваа реакција, како што пренесува МИА се случила на Твитер.
-Василис Кокалис иако се наоѓа во фаза на преговори од Кина за неговиот глас за националното прашање доволна е неговата намера за замена на позицијата за да биде отстранет од пратеничката група на Независни Грци, напиша Каменос на Твитер.
Заменик министерот за земјоделство претходно, како што веќе објави МИА преку писмена изјава за медиумите, од Кина, каде што е дел од владината делегација, рече дека ќе ја поддржи Владата на Алексис Ципрас