Каменос потсети дека нема решавање на името без референдум
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2018
Контроверзниот грчки политичар Панос Каменос ја потсети грчката политичка елита дека спорот за името нема да се реши без да се одржи референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните на Грција, што е уште еден негов обид за добивање на политички поени на сметка за односите со Македонија.
Каменос лидерот на десничарската партија Независни Грци е актуелен министер за одбрана во коалициската влада со социјалистот Алексис Ципрас и често упатува жестоки пораки против Македонија за да ја билда својата популарност.
Токму Каменос е едно камче на сопнување за кое е свесна и грчката влада кога се одвиваа преговорите, но неговото барање за одржување на референдум и не е така далеку од прифатливи бидејќи ова прашање во грчката јавност се пумпаше со децении.
Според Каменос доколку во решението меѓу Атина и Скопје биде прифатен терминот Македонија како дел од името тоа ќе значи дека Грција се откажува од својата историја и му ја подарува на својот сосед.
За него Македонија е грчка и тоа мора така да остане што влева загриженост дека на картата на национализам и екстремен политички популизам ова прашање нема да биде затворено можеби никогаш.