Каменос прифаќа Вардарска Македонија
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2018
Претседателот на Независни Грци, Панос Каменос како прифатливо решение за спорот за името го предложи Вардарска, кое го изговори исто како што се изговара на македонско и го спомена без никаква придавка или додавка.
„Да, посакуваме решение. Ќе направиме сѐ за да ги убедиме. Но, постојат и словенски термини што може да ги користат и што ги прифаќаме, како што е Вардарска. И кое што во суштина е географска одредница што ја имаа пред да започнат историските пресврти“- рече Каменос.
Каменсос порача дека „северните соседи треба да разберат дека нивната единствена надеж и единствено решение е да прифатат решение што нема да ја повредува Грција“.
Тој неколку пати повторно дека Македонија е една и грчка. Каменос е министер за одбрана во грчката Влада, а неговата партија е коалициски партнер во грчката Влада.