Каменос сака да го спречи ратификувањето на Договорот
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2018
Лидерот „Независни Грци“ и коалиционен партнер во грчката Влада, Панос Каменос изјави дека ќе побара од премиерот, Алексис Ципрас зголемено мнозинство за ратификацијата на договорот за името.
Тој најави дека ќе бара мнозинство од 180 пратеници во 300-члениот парламент, за земјата да го ратификува договорот, а не просто мнозинство од 151 пратеник, со оглед на важноста на прашањето, пишува „Катимерини“.
Каменос го повтори ставот дека неговата партија никогаш нема да го поддржи договорот, постигнат меѓу неговата Влада и Скопје за Република Северна Македонија и додаде дека договорот ќе биде одбиен и на референдумот во соседната земја.