29 Март, 2024
0.0257

Скопје Сити Мол со акција за подигање на свеста на населението

Кампања „Некултурата не е инвалидитет“ за правата за паркинг простор на лицата со инвалидитет

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Најголемиот трговски центар во земјава Скопје Сити Мол започнува со кампања наречена „Некултурата не е инвалидитет“ којашто има за цел да помогне во подигање на свеста на населението за правата на луѓето со инвалидитет и тоа конкретно за правото да можат да ги користат паркинг местата кои се наменети за нив, а кои многу често се узурпираат од несовесни возачи. Кампањата е поддржана од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за труд и социјална политика, од Здружение на лица со параплегија и квадриплегија - Без ограничувања и од движењето против хендикеп Полио Плус.

Сити мол е трговски центар којшто уште од проектирањето, преку изградбата, а и во своето секојдневно функционирање водеше и води сметка и за потребите на луѓето со инвалидитет. Покрај тоа што имаме достапен пристап за влез во трговскиот центар и лифтови за да можат и оваа категорија лица непречено да пазаруваат во Сити Мол, за нив се обезбедени и паркинг места, кои се прописно обележани. Но постојано се соочуваме со проблемот местата да бидат узурпирани од несовесни возачи. Па дури се случуваше и сите паркинг места да бидат зафатени, но не од оние за кои се наменети“, истакна директорката на Скопје Сити Мол, Ебру Радевски.


Токму затоа, како што објасни таа, Сити Мол одлучи да покрене кампања којашто има за цел не само посетителите, туку и пошироката заедница да се информираат за овој проблем. И секако, со тоа да се помогне во подигање на свеста во државата за тоа дека луѓето со инвалидитет треба да имаат исти права како и сите останати и дека треба да им се овозможи тие права и да ги уживаат. „И лицата со инвалидитет сакаат да пазаруваат, да одат во шопинг, да ги искористат попустите и акциите кои постојано се организираат во Сити Мол, а тоа ќе им биде скратено ако нема каде да го паркираат возилото“, рече Радевски.

Ние имаме многу пречки за нормално да функционираме во секојдневието. Се судруваме со непристапни згради и установи, високи тротоари, семафори без звучна сигнализација, а секојдневно се соочуваме и со тоа на паркинг местата определени за нас, многу возачи да ги паркираат своите возила, иако се предупредени со вертикална сигнализација дека местото на кое паркираат е наменето за лица со попреченост. Поради тоа често ми се случуваат непријатни, па дури и конфликтни ситуации со луѓе кои немаат разбирање. Сум добивал и навреди, сум бил спречен да влезам во своето возило зашто некој друг не оставил доволно простор за тоа, а често се соочувам и со блокирани влезови и слично, па сум принуден да чекам или да се снаоѓам на друг начин, рече Вангел Тркаљанов, Советник во кабинетот на Министерство за труд и социјална политика. „Дури и во места како Скопје Сити Мол кој е целосно усогласен со потребите и на лицата со попреченост, се узурпираат местата кои се наменети за нас. И затоа во свое лично име и во име на Министерството за труд и социјална политика ја поздравувам оваа иницијатива за спроведување на кампања која треба да ја подигне свеста кај граѓаните и јас искрено се надевам дека ќе се случи посакуваниот ефект“, додава Тркаљанов.

Поддршка на кампањата даде и актерот Сашко Коцев, кој порача дека е неопходно да се подигне свеста за потребите на оваа група граѓани и дека целата заедница треба да го даде својот придонес за истата цел.

Во рамките на кампањата предвидените паркинг места за лицата со хендикеп одново се префарбани, за да биде што повоочливо дека тие се само за оние кои имаат налепници на возилата дека се лица со попреченост. Истовремено, на овие места ќе има и дополнителни „непријатни“ изненадувања за сите несовесни возачи кои ќе сакаат да се паркираат на места кои не се за нив. Дополнително, во рамките на кампањата ќе бидат поставени и билборди, а објави со пораки ќе има и во медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија