КАМПАЊА, ПРОВОКАЦИЈА ИЛИ НАДЕЖ - Ахмети и ДУИ бараат обединување за Албанец премиер
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020
Добивање на предизборни поени кај гласачите со објави за кои знае дека не се реални, или конкретна кампања за која верува дека може да се оствари.
Првиот човек на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска со нови објави на социјалните мрежи. Во нив се емитуваат видеа, со кои се бара обединување на Албанците околу идејата премиер на земјава да стане припадник на албанската етничка заедница.
„Време е драги пријатели, да ни се придружите затоа што кога сме заедно, сè е можно, како што бевме заедно од војната на ОВК, до изборот на албанскиот претседател на Собранието, членство во НАТО и преговорите со Европската Унија“, се вели во објавите.
Овие објави на фејсбук ги има и од други функционери на ДУИ, на пример вицепремиерот Бујар Османи уште утрово почна да објавува вакви видеа на фејсбук, кои гласат на албански јазик.
Видеото на Ахмети е објавено на Твитер и Фејсбук, на албански јазик, без превод на македонски.
Ахмети вчера порача дека е време
Македонија да го добие првиот премиер
Албанец, по што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш му
одговори дека доколку премиер
Албанец е услов за идна владина коалиција,
тогаш ДУИ нема да биде дел од идната
Влада.