25 Април, 2024
0.0750

Канадски инструктори ќе пренесуваат знаења и вештини на 35 македонски претприемачи

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска започна единаесетото издание на проектот ЛИДЕР организиран од Македонија2025, кој ќе трае десет работни денови. Врвни инструктори од канадската школа за бизнис „Ричард Ајви“ ќе ги пренесат своите практични познавања и совети за водење успешен бизнис.

„Интересот од година во година е сè поголем од страна на претприемачите кои сакаат да се стекнат со нови знаења и да ги имплементираат во своите бизниси со цел Македонија да постигне успех во извозот. Со над 350 алумни и со постојано проширување на соработката со други организации од регионот, проектот ЛИДЕР е една од највлијателните обуки за бизнис вештини во нашата земја.“ – изјави Билјана Марковиќ Стаменова, Извршна директорка на Македонија2025.

„Проектот ЛИДЕР им ја посочува на претприемачите бизнис реалноста со сите потенцијални пречки и начините за нивно надминување, ги оспособува да дискутираат за прашања кои инаку би ги сметале за помалку важни, без ваков вид на обука. Сепак, најважно е тоа што ги охрабрува да ја преземат судбината во свои раце, што пак е предуслов за градење на одржлива економија во Македонија.“ - потенцираше Волфганг Марингер, Претседавач на ЛИДЕР и Генерален директор на Арцелор Митал - Скопје.

Канадскиот инструктор и Извршен директор на ЛИДЕР - Џејмс Елмхирст истакна дека главната цел на проектот ЛИДЕР е да им помогне на талентираните македонски претприемачи да ги претворат своите идеи во успешни бизниси.

Годинава на проектот ќе учествуваат 35 македонски претприемачи од најразлични сектори.

За сите тековни информации, посетете ја официјалната веб-страна www.macedonia2025.com

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan