28 Март, 2024
0.0259

Капиталните проекти останаа жртви на политика и желби

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Се делат пари за плати надоместоци, за стоки и услуги и трансфери, па последно и за капиталните трошоци. Експерти за Фактор го анализираат трендот на слаба реализација на парите од буџетот наменети за суштествените капитални проекти кои со години назад не се дотрошуваат. Се тврди дека тоа е резултат на практиката овие трошоци да се планираат без сериозност и без јасна стратегија, без анализа и без точно да се утврди кој проект е важен и колку ќе чини. Министерството за финансии ги објави податоците за конечната реализација на буџетот за лани, според кои се реализирани само 78 отсто од капиталните трошоци и тоа од ребалансираниот буџет. 

Професорот од Економскиот факултет Борче Треновски вели дека во земјава се уште чекаме на долгоочекуваната среднорочна буџетска рамка без која, како што вели нема сериозно капитално планирање.

„Нема и јасна стратегија за капитални инвестиции поткрепена со анализи и податоци, а не стратегија која е резултат на политичка програма и желби. Затоа капиталните инвестиции исто така го тестираат процесот на приоритизирање на проектите, процесот на анализа на потребата и трошоците за секој проект, цената на чинење на проектот, како и транспарентност и ефикасноста на институциите за селекција на проектите. Ова го отвора прашањето за тоа дали имаме транспарентна постапка и кретириуми при селекција на секој проект,  дали постои јавно достапна cost-benefit анализа, дали е направена анализа на можните ризици при реализација, вели Треновски.

Професорот е дециден дека успешната реализација на капиталните инвестиции всушност е тест и проверка на ефикасноста на јавниот сектор

„Тоа е исто како што кај човекот е направената „крвна слика” од која се гледаат перформансите и индикаторите за здравјето, вели Треновски.

Затоа за реализацијата по планирањето, потенцира, важни се и другите фази – како да се обезбедат дозволите, како јавната администрација ќе го подготви почетокот на проектот – јавните набавки, надзорот, но и навремената реализација.

„На крај капиталните инвестиции ја тестираат политичката култура, разбирање и волја да ги надминат тесно политичките интереси во корист на граѓаните и овозможат реализирање на вистинските капитални проекти без разлика на субјективната политичка сопственост врз истите, додава Треновски и вели дека треба да се запрашаме дали Македонија поминала некои од овие тестови.

Инаку Владата потрошила лани  290 милиони евра за капитални трошоци, а предвидени беа безмалку 370 милиони евра за цела година и тоа по намалувањето на сумата со ребалансот на буџетот за минатата година. Имено пред да се прекрои буџетската каса, за капитални трошоци за 2019 година беа предвидени 422 милиони евра.

И покрај тоа надлежните владини претставници тврдат дека реализацијата е добра и дека имаат механизам во иднина проектите да се приоритизираат.

А.Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“