Kaракачанов: Aко Комисијата за историски прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Македонија кон ЕУ
Објавено во: Македонија, Балкан 28 Септември, 2019
ЕУ не може да биде легитимација за неправди, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов за БГНЕС.
„Доколку Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија. Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската Унија“, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски, пренесува БГНЕС.
Вели дека на 17 октомври Бугарија не треба да брза да даде зелено светло за почеток на преговори за членство на Македонија, додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата.
фото БГНЕС