КАРАКАЧАНОВ: Никогаш нема да се согласиме со изградба на идентитет во странска земја за сметка на кражба на бугарската историја и идентитет
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2021
Вицепремиерот на
Бугарија и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во интервју во емисијата „Лице
в лице“ на bTV, освен за темата парламентарни избори во земјата кои треба да се
одржат во април, говореше и за актуелните односи меѓу Македонија и Бугарија.
-Владиниот пратеник од Скопје беше тука. Тој оствари средби со министерот за надворешни работи, со мене и со други колеги. Разговараме со господинот Бучковски многу искрено, колегијално и пријателски. Рековме дека не треба да престануваме да зборуваме. Го кажав моето мислење, кое го има и бугарската влада, како бугарското општество, воопшто. Ние сакаме да и дадеме шанса на Република Северна Македонија и и даваме шанса, но исто така сакаме да бидеме разбрани, рече тој. Не ни пречи, како држава, некој што сака да го гради својот идентитет. Но, не можеме да се согласиме со изградба на идентитет во странска земја за сметка на кражба на бугарската историја и идентитет. Кражба и негирање на бугарската историја! Не можеме да се согласиме на тоа врз основа на омраза кон Бугарите. Омраза не само за Бугарите во Бугарија, туку и за Бугарите во Македонија. Му дадов пример на полициско самоволие во последните два месеци. Луѓето кои тврдат дека се Бугари биле запрени и казнети со нагласување: „Па, така ќе биде од сега со вас Бугарите во Македонија“. Со таков став кон Бугарија во Македонија, не можеме да бидеме рамнодушни, истакна Каракачанов во интервјуто на bTV.