Kaракамишева: Грчките предлози со кои се заменува привремената референца не можат да бидат ново државно име
Објавено во: Македонија 24 Март, 2018
Грчките предлози со кои се заменува привремената референца (Бивша Југословенска Република Македонија) не можат да бидат ново државно име, пишува на Фејсбук професорката Тања Каракамишева.
„Тие се нови предлози за ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА и не можат да бидат уставно име кое по дефиниција во правотп го избира народот на државата! Сега, произлегува дека една референца треба да замениме со договорна ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА! Дури и „Република Македонија (Скопје)”, Горна или каква и да е друга Македонија како назив креиран со меѓународен договор е само нова РЕФЕРЕНЦА!! Не е ДРЖАВНО ИМЕ!!! А меѓу ИМЕ НА ДРЖАВА И РЕФЕРЕНЦА ИМА РАЗЛИКА! Затоа битката на Грциге е да не натераат да го промениме Уставот, бидејќи точно знаат дека уставното име е државно име! Другото е надимак, нешто како Зоран звани Црпко! ИМЕТО Е НАЈВАЖНО, НАДИМАКОТ Е МИНЛИВА КАТЕГОРИЈА! ЗАТОА, ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ МЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВНОТО, УСТАВНОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“ - напишаа таа на Фејсбук.
Овие ставови ги сподели по повод барањата на Грците за промена на Уставот за да се реши спорот.