28 Март, 2024
0.0298

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија.

За големата културна оставштина на видните штипјани, како и за креативниот потенцијал на младите генерации кои ја носат иднината на овој град, лично се уверивме од нивните творби, но и од гордите наставници од училиштето – домаќин.

Серијалот „Приказни од моето маало“ е славење на детската креативност и фантазија, преку уметноста и теми кои се важни за денешните деца: борба за здрава животна средина, инклузија, прифаќање, право на квалитетно образование и важноста од читањето книги и приказни. За тимот што стои зад овој проект сите приказни се важни, посебно оние од и за децата.

-Среќни сме што идејата за „Приказни од моето маало“ се развива од големиот интерес и одобрување пред се’ на децата, а потоа и од возрасните – родителите, наставниците, педагозите. Штипјани беа одлични домаќини и среќни сме што заедно со нив испишавме нова страница од нашите Приказни. Следната епизода е можеби токму во вашето маало  – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Ментори на работилницата во Штип беа уметниците Софија Семенпеева Трајановска и Кристијан Јованоски од Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Тие со учениците работеа на односот меѓу емоциите и боите, користењето различни сликарски техники и различни материјали во визуелното и креативно изразување. Прекрасните творби на кои учениците го нацртаа своети маала, беа поставени во галерија под отворено небо, во убавиот училиштен двор.

Посебно весел момент беше средбата и искрените прегратки од децата за љубопитното слонче Халки, водачот на овој патувачки караван.

Во знак на благодарност за убавата соработка, Халкбанк на ОУ „Ванчо Прке“ му донираше училишна опрема, реквизити и книги за училишната библиотека. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија