25 Април, 2024
0.0285

КАРПОШ НАЈИНКЛУЗИВНА ОПШТИНА: Отворање прв центар за адолесценти, лица со аутистичен спектар и атипичен развој во Карпош

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Денес, пред објектот на Амбулантата во Тафталиџе 1, Душко Весковски, кандидат за градоначалник на општина Карпош заедно со Виктор Исјановски – советник во Општина Карпош, одржаа средба со претставници од Здружението на граѓани „Во Мојот свет“ и родители на деца со аутистичен спектар и атипичен развој, каде разговарале за проектот – Прв центар за адолесценти и лица со аутистичен спектар и атипичен развој
во општина Карпош.

„За жал, аутизмот во нашата држава и општина е многу реален и може да погоди било кого. Тој претставува развојно  нарушување со неколку основни карактеристики: тешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација, тешкотии во социјалната интеракција и тешкотии со внатрешниот говор. Но сепак, аутизмот е и повеќе од ова, повеќе од она што го читаме и гледаме во нашето опкружување или на социјалните мрежи. Аутизмот претставува начин на живот, секојдневно справување со предизвиците кои ги  носи, истрајност, многу љубов и поддршка од страна на семејството. Од овие причини, во мојот мандат како Градоначалник се обврзувам на територија на општина Карпош, поточно во неискористениот дел на објектот на Амбулантата во Тафталиџе 1, да се отвори Првиот Центар во Градот и Општината кој  ќе биде наменет за адолесценти и лица со аутистичен спектар и атипичен развој и поддршка на членовите на нивните семејства. Центарот ќе овозможи индивидуална работа и индивидуален третман за секој
корисник од страна на стручни лица, специјален едукатор и рехабилитатор, психолог и логопед, вели Весковски.



Центарот ќе спроведува активности кои ќе им овозможат на адолесцентите со аутистичен спектар поголема социјализација, стекнување со животни и работни вештини кои им се потребни во секојдневните животни активности и кои ќе обезбедат нивна поголема самостојност. Центарот ќе биде опремен со дневен престој, прилагодена кујна, потоа соба за физички активности, соба за музички активности и соба за арт терапија.



„Дополнително се обврзувам надворешниот простор околу Центарот да биде соодветно обезбеден, соодветно уреден со реквизити и помагала за терапевтски и физички активности  во надворешни услови за овие лица како и хортикултурно уреден. Овој Центар ќе го отвориме како одговор на барањето на голема група на родители кои имаат адолсценти со аутистичен спектар. Активноста ќе се спроведе врз основа на потпишаниот трипартитен Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство, Здравстен Дом – Скопје и Здружението на граѓани „Во Мојот свет“ – истакна Душко Весковски, каднидат за градоначалник на Општина Карпош.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови