25 Април, 2024
0.0289

Картички за невработени, субвенции за фирмите: Денеска четвртиот пакет антикризни мерки

Објавено во: Економија 27 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Платежни картички за пензионери и невработени ќе бидат дел од новите мерки кој денеска ќе биде усвоен и презентиран. Вкупно 350 милиони евра ќе вреди четвртиот пакет економски мерки со кој Владата ќе се обиде да им помогне на фирмите и на граѓаните кои се погодени од кризата. Тој ќе биде усвоен денеска на седница на Влада, а се очекува денеска да биде и презентиран. 

Во мерките предвидена е поддршка за фирмите и тоа во форма на грантови ама само за најпогодените сектори, додека за другите ќе има субвенции за плати за последниот квартал. Владата планира да го продолжи грејс периодот на бескаматните кредити од Ковид 1 линијата додека се планираат и некои даночни олеснувања. Ќе има намалување на ДДВ за одредени услуги.  

Инаку од тие 350 милиони евра, како што велат од Владата, 264 милиони евра ќе бидат од Буџетот на државата, а околу 85 милиони ќе се позајмат од поволни дополнителни кредитни линии.

Премиерот Зоран Заев вели дека во најкритичните месеци од кризата односно во април, мај и јуни, преку претходните три пакети економски мерки, Владата сакала да ги зачува работните места и да ја одржи ликвидноста на компаниите.

Преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, за трите месеци вбризгавме вкупно 79,5 милиони евра за исплата минимална плата. Додека пак вкупно 4,17 милиони евра беа наменети за поддршка на самостојните вршители на дејности. Четвртиот пакет економски мерки, којшто денеска ќе го усвои Владата, е континуитет на претходните и продолжува со нови антикризни мерки да ги поддржува ранливите категории граѓани и најпогодените економски сектори, вели Заев.

Ветува дека Владата ќе ја следи ситуацијата и ќе се прилагодува на развојот на последиците од кризата за да постигне максимална ефикасност во поддршката на компаниите и граѓаните.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди