20 Април, 2024
0.0264

Кастинвест го послуша Анѓушев и се откажа од грантот од Фондот за иновации

Објавено во: Финансии 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Кастинвест, компанијата во која делумен сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев, се откажува од грантот од Фондот за иновации.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ги повика своите бизнис парнери да се откажат од сумата од 160 илајди евра, пари кои ги доби фирмата Кастинвест, каде малцински косопственик е токму Анѓушев.

Сумата е доделена преку државниот Фонд за иновации, кој пак за цело време го промовираше токму Анѓушев. 

Одлуката на претпријатието следува откако Анѓушев се огласи преку писмено соопштение  во кое им препорача на бизнис партнерите да ги повлечат апликациите, но потенцираше дека не гледа причина зошто вработените во компаниите во кои тој има удел, поради неговата функција треба да бидат дискриминирани.

„Сакаме јасно да кажеме дека немаме добиено средства од Фондот за иновации. Истите беа условени со инвестиција од наша страна, како компанија, од околу 330.000 евра кои требаше да се вложат во рок од една година, а средствата од Фондот требаше да дојдат по фази на реализација. Потенцираме дека како компанија ги задоволуваме сите услови за добивање на грантот, а во сопственичката структура на компанијата фигурира Брако како ко-сопственик, а не Кочо Анѓушев како поединец. Тоа е јасно прикажано во документи при поднесување на апликација за доделување на грант за компании со брз пораст (газели). Последниве денови бевме на удар на јавноста, бевме повикувани како компанија во негативен контекст, изнесени беа низа невистини за „легнати пари на сметка”,  а без притоа да се презентира целосно сликата за побараната помош и за инвестициите кои ги имаме во моментов. Секој бизнис има право да се развива согласно истите услови за сите, услови кои очигледно не важат за нас. Ова не става во многу неповолна положба и во поглед на конкуренцијата и во поглед на понатамошниот развој. Поради потребата да се задржи репутацијата на компанијата која непотребно беше на удар на јавноста и покрај одличниот проект со кој се отвораат нови работни места и се внесуваат нови технологии, донесовме одлука да се откажеме од целиот процес“ се вели во соопштението.

Под името на проектот „Ја лееме нашата иднина“, Кастинвест за технолошки развој доби грант од 9.990.000 милиони денари и заедно со своите средства обезбеди вкупен буџет од 33.300.000 денари како мало претпријатие во секторот - машинство.

„Сакаме да појасниме зошто беа потребни инвестиции во Кастинвест. Компанијата го откупи целиот движен и недвижен имот на поранешна МЗТ Леарница – стечај. За таа цел се вложени околу 5 милиони евра, како и дополнителни еден милион за рестартирање на производството и набавка на опрема. Во моментов Кастинвест има околу 100 вработени со план бројот на вработени двојно да се зголеми, имајќи го предвид производствениот капацитет на леарницата и плановите за развој. Производната програма се однесува на производи за водоводна и канализациска арматура и одлеаноци за машинска индустрија, што се производи за кои има пазарна побарувачка во регионот и пошироко. Партнерството со Брако пак е последица на комплементарноста во производството на двата капацитети. Во Брако најдовме партнер којшто има искуство во извоз и секако развиена логистика за производство.

Планот за следните пет години е леарницата да го зголеми асортиманот и да ги прошири производните капацитети. Поради тоа и аплициравме за грант во Фондот за иновации. Вкупната инвестицијата на проектот е 500.000 евра и е наменета за купување нови CNC машини, машини за брусење, мерна опрема, опрема за бојадисување, стекнување на меѓународни сертификати потребни за странските пазари и сертификати и опрема за исполнување на еко стандардите. Со инвестицијата е планирано двојно зголемување на бројот на вработени. Планираме 80% од производството да биде наменето за извоз“, додаваат од таму.

Следните денови ќе се состане Одборот на содружници на Кастинвест и ќе донесе одлука за своите понатамошни чекори. 


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин