17 Август, 2019
0.0175

„Катар ервејс“ ја претставува Премиум понудата за придружници

Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2019

Патниците можат да ги искористат ексклузивните попусти при резервации на билети за двајца или повеќе патници кои патуваат заедно во бизнис класа, како и да заработат двојно повеќе „Q-милји“ и „Q-поени“

„Катар ервејс“ со задоволство ја претставува својата најнова Премиум понуда за придружници, наменета да им овозможи на патниците да се уверат колку може патувањата да бидат попријатни кога сте со семејството и пријателите. Корисниците на услугите на „Катар ервејс“ можат да ги искористат ексклузивните попусти за време на оваа специјална промоција при резервација на билети за двајца или повеќе патници кои патуваат заедно.

Промоцијата важи за летовите на „Катар ервејс“ во бизнис класа, резервирани од 11-18 февруари 2019 година и важат за патување од 1 март до 11 декември 2019 година. Патниците кои ќе резервираат за време на промотивниот период може да искористат 10% попуст на цените на билетите и исто така ќе добијат двојно повеќе „Q-милји“ и „Q-поени“ за резервации направени во бизнис класата.

Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“, г. Ехаб Амин, рече: „Патувањето е уште попосебно кога патувате во друштво на семејството и пријателите, и нема подобар начин да го искусите тоа, отколку да ја искористите понудата за придружници на „Катар ервејс“. Со оваа уникатна промоција, сакаме да ги поттикнеме нашите патници да доживеат бројни посебни мигови што ги нудат заедничките патувања.

„Сигурни сме дека патниците ќе откријат многу нови и инспиративни места заедно со семејството и пријателите во нашата глобална мрежа од повеќе од 160 дестинации, што постојано се шири. „Катар ервејс“ со задоволство ги повикува сите патници да ја искористат оваа специјална понуда за придружници и да појдат на патување со нас.

За да ги искористат предностите на понудата за придружници, патниците можат да ја посетат страницата Qatarairways.com или која било продажна канцеларија на „Катар ервејс“, или да се јават кај најблискиот туристички агент.

Како една од најбрзо растечките авиокомпании во светот, „Катар ервејс“ има модерна флота од повеќе од 230 авиони кои летаат на дестинации за бизнис и одмор, ширум шест континенти.

„Катар ервејс„ беа прогласени за „Најдобра бизнис класа во светот“, „Најдобри седишта во бизнис класа“, „Најдобра авио-компанија на Средниот Исток“ и „Најдобар авио-компаниски салон за прва класа во светот“ според Наградите за најдобри светски авиопревозници за 2018 година, под водство на меѓународната организација за воздушен транспорт, „Скајтрекс“ (Skytrax) .

Авиокомпанијата неодамна започна со директни услуги за Гетеборг, Шведска; Момбаса, Кенија; и Да Нанг, Виетнам. Планирани се и бројни возбудливи нови дестинации за оваа година, вклучувајќи ја и Малта, како и многу други.


Можеби ќе ве интересира

Саниран дефектот на Демир Трајко 40

Саниран дефектот на Демир Трајко 40

Прекин на водоснабдувањето на овие улици

Прекин на водоснабдувањето на овие улици

Најпродаваниот мирисен бренд од AVON со јубилејни новитети ТТА Celebrate за НЕА и за НЕГО!

Најпродаваниот мирисен бренд од AVON со јубилејни новитети ТТА Celebrate за НЕА и за НЕГО!

В недела прекин на снабдување со електрична енергија во цела општина Ресен

В недела прекин на снабдување со електрична енергија во цела општина Ресен

Huawei P30 Pro е „Смартфон на годината” според EISA

Huawei P30 Pro е „Смартфон на годината” според EISA

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

На две локации водоснабдувањето е нормализирано

На две локации водоснабдувањето е нормализирано

Филипче ги повика опозиционерите да бидат дел од работните тела за изградба на новиот Клинички

Филипче ги повика опозиционерите да бидат дел од работните тела за изградба на новиот Клинички

Утре неколку улици во Скопје без вода за пиење

Утре неколку улици во Скопје без вода за пиење