КАТАР ПРЕД ПУКАЊЕ: Ова е економска војна
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2018
Катарските власти велат дека ембаргото кое го воведоа арапските земји е еднакво на економска војна.
Земјата ќе се потруди со компензација да им помогне на компаниите.
Дипломатската криза е од 5 јуни 2017 година. Тогаш Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин, и Саудиска Арабија ги прекинаа дипломатските односи со Катар.
Овие земји ја обвинија Катар за помагање на тероризам и поврзаност со шиитите во Иран.
Властите во Доха формираа комисија за кривично гонење.