25 Април, 2024
0.0329

Катастарот ги поскапе услугите и до 500 отсто, Комората на геодети разоткри повисоки цени

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори бара итна ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) што стапија во сила на 19. месецов, а со кои, како што велат од Комората, услугите за добивање одредени податоци се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги. Бараат итна средба со премиерот, а доколку во наредните две недели не им бидат понудени решенија со рокови за исполнување на барањата, најавуваат радикализација на делувањето на Комората, во која членуваат 140 геодетски друштва.

Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи, денеска на прес-конференција рече дека Агенцијата за катастар на недвижности ги зголемила надоместоците со новите тарифници без никаква консултација со нив, а истовремено одбива да им го одобри новиот тарифник за корекција на цените иако фелата се соочува со зголемени трошоци подолго време.

Наведувајќи примери, посочи дека досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, а со зголемувањето износот ќе биде 1.552, односно за повеќе од 100 отсто.

Како најголем парадокс, би го навел најголемото зголемување на цената за купување на податок за координати на геодетска точка, што досега чинеше 67 денари, а сега е 409 денари. Ова дотолку повеќе што условите налагаат дека овој податок речиси и да не се употребува, а мора да биде купен при изработка на секој елаборат. Анализата која ја направи Комората за свои потребни покажува дека ако досега просечно годишно едно геодетско друштво кон Агенцијата имало трошоци од 111.450 денари за 150 предмети, сега овој трошок е 232.000 денари, рече Рибароски.

Од Комората, која делува во рамки на Сојузот на стопански комори, тврдат и дека УО на АКН не постапува по нивното барање за нов тарифник што го доставиле уште во 2019 година, а со кој ќе има корекција на цените на услугите кои ги наплаќаат геодетските друштва.

Цените на нашите услуги се од 2013 година иако досега реалните трошоци се значително зголемени. Со зголемување на тарифникот на Агенцијата практично се наоѓаме во состојба најголем дел од средствата кои ние ги наплатуваме од граѓаните да се за трошоците кои ги имаме кон АКН, додека за геодетското друштво да остануваат недоволно средства со што во голема мера се доведува во прашање рентабилноста и опстојувањето на фирмите, рече Рибароски, порачувајќи дека е потребна итна ревизија на цените на тарифникот на Агенцијата.

Како голем проблем што директно се одразува на работењето на геодетските друштва, посочи Рибаровски, е и тоа што многу често електронските системи на АКН се надвор од функција, иако компаниите имаат договори за непречено користење на електронските системи на Агенцијата и за истото редовно плаќаат. Со ова, посочи, приватните компании се спречени да ги извршуваат своите секојдневни работни задачи.

Според Рибароски, работењето на геодетските компании е директно загрозено и од тројцата членови на Управниот одбор на Комората на геодетски друштва, кои се предложени од Агенцијата за катастар за недвижности и кои, тврди тој, наместо да даваат предлози и да носат одлуки за унапредување на работењето на компаниите, ги штитат интересите на Агенцијата и вршат грубо кршење на нејзината независност.

Комората досега неколку пати побара измена на Законот за катастар на недвижности со цел да се создадат законски можносности за избор на независни членови на УО, рече Рибаровски. Во насока на тоа ја поздрави одлуката на Државната комисија за спречување на корупција која, како што рече, утврдила дека постои судир на интерес и влијание од страна на Агенцијата врз Комората и дава препорака за итна промена на Законот кој го пропишува составот на УО на Комората.

Комората и забележува на АКН и за тоа што одбива да вклучи тимови од геодетската фела при Комората во работните групи за подготовка на нови законски решенија.

За сите проблеми Комората испратила 17 дописи до директорот на АКН и до Управнот одбор, на кои, наведе Рибароски, или не е воопшто одговорено или добиениот одговор е несоодветен. Реализирани се и три средби со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а вчера доставиле барање и до премиерот Димитар Ковачевски.

Револтот на нашите членки е толку голем, што скоро сите повикуваа на преземање на радикaлни чекори со цел да биде слушнат гласот на приватните компании и да се најдат решенија за спас од погубните политики. Радикализацијата меѓу другото би значела целосен колапс на катастарското работење и на повеќе сектори, информира Рибароски на прес-конференцијата.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија