20 Август, 2018
0.2615
    FERS 58000    -2.52%     OKTA 4211    -0.1%     SBT 2000    0%     STB 1035    0.34%     STIL 135    2.88%     TEL 277    -0.14%     TNB 14100    -0.21%     TPLF 1216    -0.33%     UNI 2360    -1.67%

КАТАСТРОФА ВО НАЈАВА: Што им готви ЕУ на САД ?

Објавено во: Економија 20 Јули, 2018

Европската унија подготува список на американски производи на кои би можела да воведе царини доколку САД примени нови казнени такси за автомобили од ЕУ.

Тоа го истакнала европската комесарка за трговија Сесилија Малстром.

„Подготвуваме заедно со земјите членки список на контра мерки и тоа јасно им го пренесовме на нашите американски партнери“, рекла Малмстром и наведува дека списокот е уште во подготовка, но се составува на ист начин како што било за челик и алуминиум.

Таа додала дека можното американско воведување на такса на возилата од ЕУ би претставувало „катастрофа“.

Европската унија кон крајот на јуни воведе царини на американски производи како одговор на одлуката на Вашингтон да се наметната царини на увозот на алуминиум и челник од Европа од 10 односно 25 отсто.

Дополнителни царини се воведени, помеѓу останатото, на типично американски производи како што се мотоцикли, путер од кикирики, бурбон, џинс облека, како и на различни земјоделски производи.

После тоа претседателот на САД, Доналд Трамп се заканил дека ќе воведе царини до 20 отсто на увоз на возила од ЕУ.

Малстром ќе оди заедно со претседатело на ЕК Жан Клод Јункер на 25 јули ви Вашингтон со цел да најдат решение за комерцијалните тензии со САД и да остварат напредок на „взаемно позитивна трговска агенда“. Предвидено е Јункер во Вашингтон да се сретне со Трамп.

Можеби ќе ве интересира

Колку пари дневно троши Македонец за годишен одмор ?

Колку пари дневно троши Македонец за годишен одмор ?

КАЗНИТЕ НЕ СЕ ДОВОЛНИ: Над двесте возачи „летале“ со поголема брзина од дозволената на скопските улици

КАЗНИТЕ НЕ СЕ ДОВОЛНИ: Над двесте возачи „летале“ со поголема брзина од дозволената на скопските улици

За какви договори и ангажмани Владата ќе потроши половина милион евра?

За какви договори и ангажмани Владата ќе потроши половина милион евра?

За кои авторски услуги Владата ќе плаќа до пола милион евра?

За кои авторски услуги Владата ќе плаќа до пола милион евра?

Ќе дојде ли дереџе турската лира да не стигне ниту за „симит“?

Ќе дојде ли дереџе турската лира да не стигне ниту за „симит“?

Кои автори ќе ги плати Владата со половина милион евра?

Кои автори ќе ги плати Владата со половина милион евра?

САД продолжува со притисок, Иран бара никој да не го презема извозот на нафта

САД продолжува со притисок, Иран бара никој да не го презема извозот на нафта

ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ТВРДИ: Не се доделени пари на фирми пред ликвидација

ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ТВРДИ: Не се доделени пари на фирми пред ликвидација

ЗАДОЛЖУВАЊЕ ЗА РАЗДОЛЖУВАЊЕ: Државата со нов заем од домашните банки

ЗАДОЛЖУВАЊЕ ЗА РАЗДОЛЖУВАЊЕ: Државата со нов заем од домашните банки