Катица Јанева го отворила боледувањето на 16 јуни, го испратила денес

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019
Катица Јанева го отворила боледувањето на 16 јуни, а известување за истото пристигнало денеска во Специјалното јавно обвинителство, тврдат од таму.и велат дека не знаат кога специјалната обвинителка во оставка ќе се врати на работното место.
- Важноста на боледувањето е ретроактивно, без разлика кога е доставено. Според прописите, боледување од специјалист моќе да трае најмногу 15 дена, а за понатаму одлучува комисија. Во моментов СЈО не знае од што боледува Јанева, ни одговорија од таму.
Обвинителката Јанева на 15 јули преку соопштение ја информираше јавноста дека поднесува оставка, се до избирање на нејзин наследник. Истиот ден, Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за случајот „Рекет“, по што Бојан Јовановски и Зоран Милески беа осомничени и завршија во притвор.
Следниот ден Јанева не дојде на работното место, ниту пак вчера и денес. Таа се уште нема излезено во јавноста со свое објаснување за аферата, откако и беше одземен мобилниот телефон.
Можеби ќе ве интересира
ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ: Заев порачува дека нема скршнување од патот на победата

Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Никој не реагира на аферите Рекет 2, Вирус, Инсулин, Леонардо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Борисов бара земјите кои сакаат во ЕУ и НАТО внимателно да ги мерат своите чекори

Дескоска до Груевски: Вратата на мојот кабинет е отворена, го поканувам да дојде

Софија Богева: Јавните површини може да се унапредат со активно учество на заедницата
