„Катимерини“ дознава кој го предложил името „Илинденска Македонија“
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2018
Името „Илинденска Македонија“ (што означува два историски настани од 1903 и 1945 година), според информации кои доаѓаат од страна на ФИРОМ, му го предложил Зоран Заев на Алексис Ципрас на последната нивна средба во Софија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
„Очигледно ова решение не е дефинитивно бидејќи слични имиња беа ставени на маса во соседната земја и во неодамнешно минато (на пример Крушевска Македонија). Исто така, не е јасно дали Атина го прифаќа ова име и е основа за дискусија за можно решение или, пак, тоа е само потег на македонската Влада за преговорите да добијат реален импулс“, пишува весникот.