Катимерини објави кога и каде ќе се потпише договорот
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2018
Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во недела во Преспа, на македонска територија.
Неофицијално, сведок на потпишувањето, покрај медијаторот Метју Нимиц, ќе биде и првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг.
„Во Преспа, покрај премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе биде и медијаторот од ОН, Метју Нимиц, а на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Антонио Гутереш и шефицата на европската надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини“- објавија дел од грчките медиуми.