25 Април, 2024
0.0724

Катимерини пишува дека поради скопското прашање многу скоро ќе имаат избори

Објавено во: Балкан 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Три можни сценарија се предвидени за периодот меѓу октомври и декември 2018, во зависност од исходот и резултатот од референдумот согласно временскиот период предвиден во Договорот од Преспа, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Исходот од референдумот во Македонија е позитивен и веднаш започнува процесот на уставна ревизија, и ова е првото сценарио. 

Според второто, исходот повторно е позитивен, но опозицијата останува со непроменет негативен став и се распишуваат предвремени избори.

„Во овој случај процесот за ревизија на Уставот ќе се финализира на крајот на јануари-почетокот на февруари 2019“- пишува „Катимерини”.

Третото сценарио, според весникот е негативен исход од референдумот, „Договорот од Преспа не важи и се се враќа на почетна точка“.

Мај е месецот кога во Грција ќе се оджат тројни избори (локални, регионални и евроизбори), а во септември следната година завршува четиригодишниот мандат на грчката Влада.

Во шематскиот приказ посветен на временскиот период согласно договорот, „Катимерини“ ги споменува февруари и март како можни термини кога би било гласањето во грчкиот парламент. 

Весникот, како што јави МИА од Атина, во текстот под наслов „Скопското прашање носи избори во мај“, времетраењето на грчката Влада, директно го поврзува со Договорот од Преспа, по изјавите на Панос Каменос и Алексис Ципрас за нивната соработка во коалиционата влада поради различните ставови во однос на решението меѓу Македонија и Грција. Весникот потсетува на изјавите на двајцата коалициски партнери на одвоените прес-конференции во Солун.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)