19 Април, 2024
0.0239

КАТИМЕРИНИ: Се чувствува замор за спорот со СКОПСКОТО прашање

Објавено во: Балкан 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Под наслов „Замор во спринтот за скопското прашање“ грчкиот весник „Катимерини“ ги анализира последните случувања во разговорите за името меѓу Македонија и Грција.Новинарот пишува дека иако двете страни се договорени речиси за сите регионални прашања, сепак, остануваат отворени централните теми, како што е ерга омнес и уставната ревизија.

– Индикација за заморот што постои на ниво на преговори е фактот што следните средби на Коѕијас и Димитров, кои ја држат „диригентската палка“ на дипломатските преговори меѓу двете земји ќе се одржат на почетокот на мај. Додека пак трите претходни (Скопје, Виена, Охрид) се одржаа во временски период од околу 20 дена. Практично, ова значи дека е надминат почетниот временски рок, што предвидуваше завршување на разговорите на крајот на март –пишува весникот во анализата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, „Катимерини“ го споменува и основното сценарио на грчката страна, да се направи уставна ревизија за решението автоматски да донесе и признавање под новото име и во и вон нашата земја. Сепак, новинарот коментира дека намерата, особено на ЕУ за „success story“ на Балканот може да доведе до притисоци и враќање на почетното сценарио од пред околу четири месеци, тоа за Меѓународен договор што ќе носи гаранции за промени во догледно време.

Она што, според „Катимерини“, веќе ја загрижува Атина е започнување на „blame game“, односно меѓусебно префрлање на вината, доколку не успеат преговорите. Токму затоа Грција „работи на создавање услови за продолжување на разговорите“.

Весникот го споменува и дописот од Нимиц до двајцата министри за надворешни работи испратен во периодот меѓу последните две средби, онаа во Виена и Охрид. Според информациите на „Катимерини“, се чини дека специјалниот претставник на ОН во разговорите за името оценува дека можностите за подобрување на постоечките околности се ограничени, но дека сега е моментот, двете страни да одат напред и да постигнат конечен договор.

„Дописот на господинот Нимиц не е само технички и правен текст, туку веројатно составен од насоки кои ги вклучуваат основните параметри за можно решение. Ова толкување не ѝ се допаѓа на Атина, главно поради тоа што не сака активна вклученост на господинот Нимиц во преговорите, освен негово посредство. Освен тоа, контактите што во минатото ги имаа господинот Коѕијас со господинот Нимиц, секогаш имаа одредена доза на тешкотија, пишува „Катимерини“.

Весникот коментира дека премиерите на двете земји се решени да одат напред за да се реши спорот, а меѓу Заев и Ципрас постои „директен канал на комуникација, иако до сега бил активиран само неколку пати“.

извор: МИА

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот