19 Април, 2024
0.0273

„Катимерини“: Во меѓународни договори нема победени и поразени

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

„Катимерини“ во коментар во врска со договорт за името тврди дека во меѓународните договори нема победи и порази. Она што постои е неопходен компромис за да може земјата да престане да живее во минатото и да се движи кон иднината, со многу предизвици и уште повеќе проблеми, коментира грчкото гласило.

– Триумфалниот тон на двајцата премиери е разбирлив. Покрај очигледните политички придобивки што очекуваат да ги добијат, тие им се обраќаат на значителен дел од нивните популации кои пораснаа со симболи како што се копја и шлемови на македонските фаланги, со црно-бела перцепција на историја предавана на училиште. Овие луѓе ја доживуваат дипломатијата во согласност со воените кампањи раскажани во учебниците во кои (вистинскиот или имагинарен) непријател се согласи безусловно да се предаде – и покрај фактот што безусловното предавање беше прилично редок феномен, коментира весникот.

– Поедноставената историја која сите ја учевме, венчана со неопходни митови за да го заокружиме раскажувањето, е плодно тло на кое цвета националистичкиот популизам. Не е лесно да се искоренат националните митови со кои пораснавме, и поради оваа причина треба да имаме мали очекувања за референдумот во Северна Македонија. Треба да имаме предвид дека најмалку една генерација порасна со смешни теории промовирани од администрацијата на Груевски – т.е. дека Славомакедонците кои пристигнале во областа во 6 век п.н.е. биле директни потомци на Александар Велики, пишува „Катимерини“ додавајќи дека „овие луѓе веруваат дека откажувањето од историското наследство во полза на Грците ќе биде чин на капитулација и тие се подготвени да постават бесилки на нивните плоштади“.

Според весникот, постигнувањето привремен договор беше успех за двајцата премиери и тие треба да добијат пофалби за тоа. Сите преостанати прашања, празнини и сиви области во однос на конечниот договор, се нормални, и животот неизбежно ќе донесе уште повеќе. Прашањето е дали двата народи можат да ја видат големата слика зад пречките што вештачки ги преувеличија националисти кариеристи.

– Мудрите набљудувачи на двете страни треба да престанат да потресуваат. Да не фантазираме за победи, порази, триумфи и катастрофи. Договорот е само чекор напред кој долго се чекаше. Има уште многу што треба да се направи и тоа е она на кое мораме да се фокусираме за доброто на народот – она за што наводно се залагааат националистите од двете страни, пред се, заклучува „Катимерини“.


Можеби ќе ве интересира

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати